Стаменковска: Секој граѓанин во Македонија согласно последните математики е задолжен 2.700 евра

Во денешната емисија на Алфа ТВ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска која посочи дека Буџетот оваа година е креиран 3.9 милијарди евра, најголемиот буџет до сега кој што Република Македонија го имала. Слободно може да кажеме дека Буџетот за 2020 година е буџет за плата.

Искрено ваков буџет, не знам значи 498 милиони евра предвидени за плати на администрацијата. Но оној кој што го видел Буџетот знае дека овој дел е предвиден само за плати. Но не се прикажани така експлицитно, платите кои што се предвидени со блок дотации за наставниците во основното и средното образование. Не се така видливи и платите кои што се за воспитачките и наставниците, кадарот кој што е и во градинките. Ниту пак за јавно здравствени установи. Што значи дека оваа цифра е многу поголема, додаде Стаменковска.

Стаменковска истакна дека секој граѓанин согласно последните математики е 2.700 евра задолжен во Република Македонија. И тоа не е малку. И тој што сега ќе се роди е веќе задолжен по 2.700 евра. Оваа калкулација се однесува за 2 милиони жители. Но ако сме помалку од 2 милиони жители тогаш задолжувањето по секој граѓанин е многу поголемо и не изнесува тогаш 2.700 евра по жител.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...