Претседателот Мицкоски оствари средба со Берглјот Бјорнсон Баркбу, шефица на мисијата на ММФ за Македонија и други високи претставници на ММФ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (13.11.2019) оствари средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд  (ММФ) предводени од г-ѓа Берглјот Бјорнсон Баркбу, шефица на мисијата на ММФ за Македонија  и г-ѓа Стефани Ебл, висок резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан и шеф на Канцеларијата на ММФ во Скопје.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, предвремените парламентарни избори кои следат во април и стратешките приоритети клучни за напредокот на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, го потенцираше недостатокот на реформи од страна на власта, поради што Македонија не доби датум за почеток за преговори со Европската Унија, како и уназадувањето на македонската економија поради високиот криминал и корупција од страна на функционерите на власта.

Мицкоски посочи дека заради катастрофалното работење со економијата на актуелната власт граѓаните се повеќе осиромашуваат, што доведе до тоа половина милион граѓани едвај да преживуваат, а бројката на блокирани сметки ближи до 100 илјади.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека впрочем власта со враќањето на рамниот данок само ја потврди својата неспособност, но со досегашните погрешни даночни политики направија голема штета врз стопанството како и одвраќање на идните инвеститори во Македонија.

Мицкоски на крајот додаде дека по изборите во април на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ ќе следат итни реформи за да може што побрзо да закрепне македонската економија  и да почне да чекори кон европските стандарди.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...