Одговори на новинарски прашања  на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања  на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Веќе кога зборуваме за платите, премиерот вчера најави зголемување на пензиите до 900 денари, може ли Ваш коментар?

Одговор: Видете, граѓаните треба да си го постават прашањето зошто токму сега, ова го прави Зоран Заев. Зошто тоа не го правеше три години по ред. Одговорот е многу едноставен, а одговорот е дека станува збор за уплашен човек кој што се плаши од одговорноста после 12-ти април 2020 година, уште многу лаги ќе се изнаслушаме до почетокот на кампањата. Уште многу лаги ќе слушаме за време на кампањата. Но народот е мудар, народот знае да оцени, и народот ќе заокружи таму каде што има најмногу доверба. Јас сум убеден дека довербата нема да ја добие човекот кој што е симбол за лагата, неспособноста, декандецијата и примитивизмот во Македонија. Неговото двојно лице, неговиот двоен карактер и покрај тоа што во минатото можевме многу пати да го забележиме, тоа денеска доаѓа до израз. Бидејќи како што кажав е уплашен, имено зошто ова го велам, затоа што во минатото на три пати им ги намали пензиите на пензионерите, укинувајќи го фондерот со кој што се нивелира, изедначуваа еднаш годишно пензиите, а кој што се однесуваше на просечната плата во државата. Законот беше јасен фондерот 10-тина проценти значеше нивелација на пензиите визави порастот на трошоците за животот и 50% значеше за порастот на просечната плата. Бидејќи со интервенционизам, со методи кои што се познати за едно минато време без економска логика ја качија платата, просечната плата во државата видоа дека тоа ќе се рефлектира кај пензиите и го укинаа вториот столб односно вториот фондер, и остана само едниот фондер, а тоа е фондерот каде што се нивелираат пензиите само за порастот на трошоците и затоа денеска имаме во најголем случај намалени пензии или зголемени пензии за симболични 36 денари. Ние пресметавме дека станува збор за финансиски средства за кои што не им беа исплатени на пензионерите со интервенција во Законот за пензиско инвалидско осигурување некаде околу 1.400-1.500 денари во изминативе три години. Сега како што слушнавме вчера во Буџетот од 2020 година предвидена е мерка за зголемување на пензиите за отприлика 720 денари што значи дека имаме првин кратење од 1.400 изминативе три години за да сега имаме зголемување на 720 денари. Тоа е уште еднашка двојното лице на Зоран Заев. Затоа тука треба секој од нас да си го постави прашањето зошто во минатото кратеше, а зошто денеска зголемува. Ќе повторам уплашен е он, уплашени се сите околу него затоа што доаѓа одговорност после 12-ти април 2020 година. И ќе ви повторам во периодот кој што следува ќе се изнаслушате се, буквално се и тоа во кое што најмалку сте верувале дека ќе го слушнете од премиерот на државата. Но јас верувам во мудроста на граѓаните, верувам во мудроста на медиумите да оценат каде е вистината.

Прашање: Имате доста критики за Буџетот за следната година, ме интересира проекцијата на Буџетот за растот на економијата е 3.8%. Очекувате ли дека навистина економијата ќе порасне со оглед на тоа што ќе имаме избори и 6 месеци економијата ќе касни за политиката? И дали доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе направи Ребаланс во Буџетот?

Одговор: Загрижувачка е првичната анализа која што ја направивме, а е поврзана со Буџетот. Деновиве ќе имаме подетална анализа. Растот на економијата е предвиден на нивото 3.8% и тој се темели на зголемената потрошувачка, колку што успеав да го разберам. Значи, не се темели на зголемената активност на компаниите, не се темели на зголемената активност на преработувачката индустрија, не се темели на зголемување на директните странски инвестиции туку се темели на интервенционализам кој што е познат за некои минати времиња. Прва работа што ќе се случи е следно, тие трошат пари кои што ги немаат. Затоа што треба да се задолжат една милијарда евра, а тоа се наши пари, вие треба да ги враќате. Граѓаните на Македонија треба да ги враќаат. Тие пари ги нема во Буџетот, ниту пак според проекциите ќе дојдат во Буџетот. Туку треба да се позајмат на меѓународниот и домашниот финансиски пазар околу една милијарда. За волја на вистината околу 17 милијарди денари еве од прилика 300 милиони евра ќе биде финансирање на буџетскиот дефицит, кој што е проектиран на ниво 2.3-2.5%, останатото се обврски од порано преземени за државни гаранции, други записи итн. Но нето задолжувањето е 460 милиони евра. Ако тоа се додаде на веќе постоечкиот долг 4 милијарди и 500 милиони евра значи ние имаме задолжување од 10% зголемено, а раст на БДП е 3.8, што значи дека ние ќе имаме нето задолжување од 6.2% и се стремиме кон алармантна црвена зона. Зошто ова го зборувам? Во ред е вие да позајмите пари, во ред е и повеќе од една милијарда но доколку тие пари вас ви донесат 2 милијарди. Доколку вие позајмите една милијарда и тие пари ги потрошите и велите дека растот на БДП се темели на потрошувачката, а не на индустријата, не на странските инвестиции, не на преработувачката индустрија тоа тогаш е исто како да земете кредит ја заложите вашата куќа, поминете еден прекрасен одмор, поминете едно одлично зимување, ќе ги потрошите парите што сте ги зеле и кога ќе дојде ратата да се плати ќе се мислите како да ја платите. Но тогаш ќе дојдат и по вашата куќа и по се кое што сте го заложиле за да го добиете тој кредит. Со оваа политика, егзибиционистичка политика „all in“, со примитивни настапи од типот баклавата, од типот тепсијата, од типот „мало сутра“ ние не можеме да ја развиваме Македонија. Македонија ја водат во амбис. Македонија е денеска на колена. И Македонија за жал водена од ваков тип на неискусни егзибионистички политики се води кон грчкото должничко сценарио. Среќа што оваа Влада е во заминување, доаѓа одговорна влада која што ќе има стратешки пристап, Влада која што знае како да ја развива Македонија, Влада која што ќе има план и тој план многу скоро ќе го презентира пред граѓаните. Јас не сакам понатаму да го коментирам егзибиционизмот, примитизмот и деканденцијата која што доаѓа од Илинденска бр. 2. Од првиот човек кој што е најодговорен за иднината на граѓаните, но морам да заклучам дека досега играјќи „all in“, губеше државата, губеше нацијата. Денеска губиме ние сите поединечно со оваа негова игра „all in“. Човек кој што знае дека три години водел домаќински, чесни политики, нема да игра „all in“. Нема потреба да ризикува иднината на неродените генерации, иднината ваша и сите нас. Едноставно да излезе на избори, треба да победи или загуби доколку загуби да подаде рака на подобриот и да замине во политичка пензија. Денеска ние гледаме изгубен човек, уплашен човек, човек кој што знае дека доаѓа одговорноста после 12-ти април 2020 година.

Прашање: За ребалансот не ми одговорите?

Одговор: Кога ќе ги нели, видиме состојбите во институциите тогаш би можеле да зборуваме за детали. Ова што денеска го гледаме е загрижувачки. Затоа што новата Влада би се формирала таму негде крајот на април месец, почетокот на мај месец што значи дека првите индикатори би ги имале крајот на мај месец, почетокот на јуни месец. Тоа не значи дека овие желби на Зоран Заев и во делот на приходната страна ќе бидат реализирани, така да што треба да видиме како ќе биде приходната страна, а потоа да зборуваме за расходната страна. Па погледајте ги во Буџетот капиталните инвестиции. Капиталните инвестиции се помалку од 2019-тата година. Не ги споредувајте со ребалансот. Ребалансот е намален за 50 милиони евра капитални инвестиции, а нема да реализираат ниту 40% од тоа што го предвиделе и во ребалансот. Погледајте го она што беше предвидено на почетокот од 2019-тата година, 29 милијарди и 950 милиони денари, околу 420 милиони евра. Ние денеска имаме за 5% поголеми расходи, а за неколку проценти помалку капитални инвестиции. Како ќе ја развиеме ние државата? Врз основа на што ние ќе се развиваме? Навистина не можам да разберам, јас ова го зборував на една прес конференција дека следува играта „all in“ на Зоран Заев но со вас, и со генерациите кои што се неродени. Тоа е она кое што денеска ни се случува, и ова не се ниски страсти, ова е предупредување за сите граѓани. Дали ваква „all in“ игра заслужува било каква поддршка или осуда? Но јас сум уверен во мудроста на граѓаните која што јасно и недвосмислено ќе кажат на 12-ти април 2020-тата. И сега ќе стигна помалку бледо соопштение претпоставувам од Бихаќка, ќе не враќа 10-12 години наназад, а притоа ќе заборават дека се трета година во влада и дека прават нешто која што ја загрозува иднината на сите нас. Претпоставувам дека такво нешто ќе се случи после денешнава моја прес конференција. Но реалноста е трагична. Реалноста е лоша. Јас мразам да зборувам вакви зборови, затоа што сакам да понудиме надеж, сакам да понудиме иднина, јасен план за граѓаните. Многу луѓе се разочарани, се селат секојдневно. Но за жал на дневна основа имаме потфрлања, примитивизми и деканденции.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...