Македонската јавност и работниците денес се уверија дека СДСМ го кочи Законот за минимална плата

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ е синоним за лицемерие и лажна грижа за граѓаните.

По којзнае кој пат, денес стана кристално јасно и се покажа дека за СДСМ единствено нешто што им е важно се нивните тесно-партиски и коалициони интереси и математики, на сметка на граѓаните.

Граѓаните можеа да видат и да бидат сведоци на лицемерното однесување на СДСМ во Собранието. Тие денес покажаа дека не им беше приоритет изгласувањето на Законот за минимална плата, туку најважно им беше единствено само изборот на потпретседател на Собранието на Република Македонија. Доказ за тоа е потегот на власта која што откако беше изгласана точката за избор на потпретседател на Собранието, денешната седница беше прекината, а работниците повторно извисија.

Доколку сакаа, можеа по првата точка за избор на потпретседател да ја продолжат седницата и да ја изгласаат минималната плата и да покажат дека имаат вистинска и искрена намера. Но штом не го направија ова, само се потврдија лагите и манипулациите на СДСМ.

Македонската јавност, здруженијата, работниците и сите засегнати страни, денес можеа да видат дека токму СДСМ се кочничарите кои немаат искрена и вистинска намера да се донесе и изгласа овој Закон.

Од денес веќе е јасно дека СДСМ постојано ги лаже, манипулира и си игра со чувствата на работниците, здруженијата и целата македонска јавност.

Очигледно е дека СДСМ веќе неколку дена, овде во Собранието избегнува и бега од гласање на тој закон. Тоа само го покажува вистинското лице на СДСМ и ја демонстрира нивната штетна политика, лажни ветувања и играње со човечките судбини и чувства.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...