Генералниот секретар Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори

Соопштение до јавноста

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.

Извршниот комитет го задолжи Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

На состанокот на ИК се анализираше и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение. Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија.
Околу актуелната политичко-економска состојба беа нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат истражени откако Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат подеднакво за сите.

Насилничкото однесување на власта, непочитувањето на законите и расипничкото трошење на народните пари се јасен показател дека СДСМ и Заев заминуваат. Секој обид да се узурпира волјата на граѓаните кои се цврсто определено да го казнат Заев, ќе повлече одговорност.

ИК констатираше дека власта три години не направи ништо за аерозагадувањето, кое е повисоко од кога било. Скопје и други градови низ државата се на врвот на светските листи на најзагадени градови.

Дополнително стана збор и за сите лаги во изминатиов период. Нереализираните ветувања и манипулациите станаа секојдневие.

Граѓаните се изморени од лагите и безнадежноста, затоа на 12 април следат промени. По 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...