Затуровска до Заев: Кога ќе сакате да избегнете некое прашање немојте вакви смешки да кажувате на граѓаните

Лилјана Затуровска денеска на седницата во Собрание посочи не се чуди зошто здравствениот систем ни е во колапс, дојде време Венко и Вице да разговараат на ручек за стратегии и политики во здравството.

-Тешко на нашата држава, кога министер за здравство на ручек со Вашиот брат Вице Заев разговара за политики и за идни чекори кои што треба да се преземат во здравство, истакна Затуровска.

Затуровска додаде дека  додека граѓаните се чудат зошто е ваков колапс во здравство се случува, Венко и Вице разговараат на ручек за политики и стратегии во здравството.

-До каде стигна нашата држава? Почитуван премиер, кога ќе сакате да избегнете некое прашање немојте вакви смешки да кажувате на граѓаните. Кажете за реалноста, за што се разговара, нагласи Затуровска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.