Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија- наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија. Наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите.

Нема месец, а да не испаѓа од употреба некој од блоковите во РЕК Битола. Загубите се нижат, а никаде ги нема најавените инвестиции во термоелектраните. Нема филтри, механизација, ниту нови јагленокопи. Термоелектраните се оставени сами на себе.

Власта вети многу, а не реализираше ништо. Нивото на реализација на програмата на СДСМ изнесува само 2%.

Власта најави и дека ќе ги изгради и хидроакумулациите Чебрен и Галиште. Три години како се на власт, немаат отпочнато ниту со изготвување проектна документација.

Три години власта ништо не направи на полето на енергетиката. Три години трпиме само загуби.

Време е СДСМ да си замине. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.