Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средби со амбасадорите на Грција и на Кина во Македонија

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (12.11.2019) оствари средби со Амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакис, како и со амбасадорот на Народна Република Кина, Жанг Зуо.

Теми на двете средби беа актуелните политички случувања во Република Македонија, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.

Мицкоски потенцираше дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО, и токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека актуелната власт предводена од СДСМ потфрлила на исполнување на клучните реформи, ги наведе заробеното судство, криминалот и високата корупција од страна на функционерите на власта  при што ги посочи случаите Рекет 1 и Рекет 2 за кои немаше соодветна истрага а ниту се блиску до правна завршница.

Мицкоски нагласи дека во Република Македонија неопходно е итно враќање на владеење на правото и дека мора конечно да се расчисти со криминалот и корупцијата кои го достигнаа зенитот откако е СДСМ на власт.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...