Манаскова до Заев: Дефинитивно најнепопуларен министер во Вашата Влада е Венко Филипче

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова денес од собраниска говорница посочи дека најнепопуларниот министер во Владата на Зоран Заев е Венко Филипче и тоа не го гледа само опозицијата, туку и самите граѓани на Република Македонија.

-Со оглед на CV-то кој што го достави господинот Арслани има само една страна. Па и не гледам како сте се одлучиле за токму тој да биде заменик министер на здравство, во овој значаен ресор, додаде Манаскова.

Манаскова појасни дека имаше и предлози од колегите пратеници, а нејзин предлог за заменик министер за здравство е да се постави Исмаили.

-Затоа што неговото CV е подобро во оваа област. А, резултатите во културата му се катастрофални, па можеби овде може да се пронајде. И да има некој напредок. Факт е дека господине Заев дека дефинитивно најнепопуларен министер во Вашата Влада е господинот Венко Филипче. Тоа не го говори опозицијата иако наша работа нормално е да критикуваме меѓутоа на сите анкети кои што се релевантни со репрезентативен примерок во првите три места без исклучок се наоѓа секогаш господинот Венко Филипче. И се разбира тука некаде е и господинот Анѓушев. Меѓутоа тој за ваша среќа најави дека самиот ќе се повлече од политиката.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.