Димовски: Едно од најголемите ветувања на оваа влада за изградба на новиот Клинички центар веќе е „реализирано“

Денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски своето обраќање рече дека веројатно законот за протести со којшто ќе се ограничи граѓаните да се кажуваат  својот став, во прва фаза нема да биде дел и од собраниската активност.

-Би сакал да се заблагодарам за воздухот кој во оваа сала е чист, не е загаден како надворешност, а имаме убави услови да работиме и дискутираме за разлика од нашите сограѓани  кои ги немаат тие услови и можност. Воедно дозволете да го честитам влезот и остварувањето на стратешката цел на Република Македонија во големата унија со Албанија и Србија. Веројатно на патот кон таа унија нема да ги користиме новите комбиња за брза помош, ќе го користиме стариот мерцедес на Никола Груевски. Исто така добро е што едно од ветувањето за референдумот за добивање на бесплатно здравство во унијата ќе биде исполнето, овој пат нема да биде во европската  унија но ќе биде бар исполнето во унијата со Албанија и со Србија, истакна Димовски.

Тој имено потсети и на едно од најголемите ветувања на оваа влада за изградба на новиот Клинички центар веќе е реализирано и дека граѓаните ги имаат можностите да се лечат во новиот Клинички центар кај Ѓорче Петров, огромен број на згради, огромен број на доктори, огромен број на инвестиции во здравството.

-Би замолил оваа точка за заменик министер  да се симне од дневен ред и за заменик министер да биде поставено она младо момче мислам дека беше од Гази баба којшто и онака ги добива сите милионски тендери во здравството и мислам дека така ќе бидеме многу практични, многу директни и многу јасни. Нема да ги користиме сите патеки за лево или десно, ќе бидеме прецизно онаму каде што е поентата на функционирање на оваа влада во здравството, порача Димовски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...