СДСМ продолжува на најдрзок начин да се поигрува со чувствата на стечајците и работниците

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Денес, македонската јавност го виде вистинското лице на СДСМ.

СДСМ продолжува на најдрзок начин да се поигрува со чувствата на стечајците и работниците. Стечајците и работниците се уверија дека токму СДСМ е проблемот, а не решението.

Денес СДСМ и нејзините пратеници покажаа дека не се способни да го решат проблемот со стечајците, кои всушност целата македонска јавност знае дека токму тие го создадоа огромниот број на стечајци кои беа оставени на улица со затварање на фабриките и криминалната привазитација.

Имено, денес во Собранието на Република Македонија, на Комисијата за труд и социјална политика каде на дневен ред беше точката за утврдување на минималната плата, пратеникот од владеачкото мнозинство Самка Ибраимовски побара дополнување на дневниот ред со законот за материјално обезбедување на стечајците, спротивно од Деловникот за работа на Собранието.

Доколку власта имаше искрена намера и навистина сакаше да го реши овој проблем, тоа можеа да го направат уште пред 10-тина дена, но тогаш без никаво известување, на Комисијата не се појави ниту еден преставник од министерството како што впрочем налага токму членот 121 ставот 2 од Деловникот за работа на Собранието, со што Комисијата и донесувањето на тој закон беше одложено.

Оттука, јасно е дека СДСМ во овој предизборен период тактизира и одолговлекува со решавање на проблемот на стечајците.

Од друга страна, како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и тогаш, така и денес, во неколку наврати реагиравме до колегите од СДСМ, да не ја злоупотребуваат работата на Комисијата за ширење на евтин популизам и креирање на лажни вести.

Ние постојано апелиравме и имаме јасен и конструктивен став дека законот за материјално обезбедување на стечајците мора час поскоро да се донесе, но не по цена на кршење на Деловникот и непочитување на процедурите.

Токму од тие причини, СДСМ и нејзините пратеници се единствената причина поради која што денес беше закочена работата на Комисијата за труд и социјална политика и ниту се донесе Законот за утврдување на минимална плата, ниту пак се реши проблемот со стечајците.

 

Со почит,

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...