Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Јанушев веќе влегува во собраниска процедура предлогот на власта практично е тој сега на мали партии за промена на изборниот модел, премиерот најави дека и без консензус се подготвува да оди на измена на моделот. Како го коментирате тоа и како ќе се поставите вие во собранието, ќе одите со нов предлог или?

Одговор: Како го коментирам, го коментирам како она што реално е, а тоа е уште еден груб обид за манипулација како со помалите партии така и со граѓаните во Република Македонија. Зошто? Бидејќи и тој е свесен дека без консензус меѓу релевантните политички партии едноставно е невозможно да помине измена односно промена на изборниот модел и тој е свесен дека нема да помине меѓутоа се обидува да ги изманипулира граѓаните и помалите партии.  Во однос на нашиот став добро познат, повеќе пати особено во периодот повторуван нашиот предлог останува ист мнозински со 120 изборни единици и нормално со заеднички консензус да се изгради сето тоа заедно со останатите релевантни политички субјекти.

Прашање: Но нема да го предложите тоа сега бидејќи нема консензус?

Одговор: Видете без разлика дали има или нема во моментов да носиме односно да договараме нов изборен модел на неколку месеци пред изборите е прво несериозно, е непрофесионално и не треба тоа да го правиме. Значи имаме закажани избори, од било кој аспект од правен од човечки, од аспект на граѓаните кои што треба да гласаат на овие избори значи едноставно не е добро да го правиме тоа во моментов. Како ќе се одвиваат понатака работите после изборите и после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе оставиме времето да покаже да видиме како ќе следат тие работи.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...