Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Денес во Охрид премиерот Рама, претседателот на Србија Вучиќ и Зоран Заев донесуваат декларација за мал Шенген. Ваш коментар?

Одговор: За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на Европската Унија. Но и во минатото кажавме , и сега ќе го повториме истиот став дека секоја можност која Македонија може да ја искористи а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, треба да се искористи, но тоа се решава со билатерални договори. Јас навистина немам информација какви се одлуките, што се разговара, што потпишува Зоран Заев иако морам да признам дека за време на нашата последна лидерска средба во кабинетот кај претседателот Пендаровски побарав објаснување. Тогаш добив објаснување од две реченици кое што буквално не беше ни на ниво на енциклопедиско објаснување а камо ли за некакви суштини. Така што од она што можеме да го слушнеме на нивните прес конференции и од она кое што циркулира во јавноста, не можам да извлечам точен заклучок за што точно се работи, ниту пак имам било каква информација, но ќе повторам, за Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во рамките на Европската Унија.

Прашање: Господине Мицкоски, од СДСМ велат дека меѓу двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ постојат огромни концептуални разлики во однос на капиталните инвестиции и развојот на инфраструктурата. Исто така споредуваат дека вие сте потрошиле 700 милиони евра на „Скопје 2014“ а они за две и пол години вложиле во автопатишта околу 800 милиони евра. Каков е вашиот коментар за ова?

Одговор: Видете, доколку зборуваме за истите оние политичари кои што ја креираа најголемата политичка лага наречена живот, тогаш можете да замислите на што се темелат овие брифинзи. Но, какви се фактите, еве ќе зборуваме. Ајде ќе ги земеме капиталните инвестиции во 2019-та и ќе споредиме со она кое што како документ не успеа да помине на последната владина седница а е наречен „буџет за 2020-та година„. На почетокот од 2019 година, капиталните инвестиции беа предвидени на ниво од 26 милијарди и 950 милиони денари ако не се лажам, за да веднаш потоа за време на ребалансот скратат некаде околу 50-на милиони евра или 3.1 една милијарда и денеска тие паднат на нивото од 23 милијарди и 700 и нешто милиони денари. Но она што е уште потрагично, е што заклучно со септември а тоа е податок кој го објавува Министерството за Финансии, нивото на реализација на капиталните инвестиции е осум и пол милијарди, значи и овие 23 кои што со ребалансот ги предвидоа ниту пак тие не можат да ги одработат. Еве да претпоставиме дека до крајот на оваа година ќе се разработат, фантастично ќе почнат да работат ќе дојдеме до некое ниво од 12 милијарди денари, бидејќи денот е нели намален, временските прилики не конвенираат за градежни работи каде што можеме да очекуваме најинтензивна реализација на капиталните инвестиции, тоа подразбира дека и на ребалансот оние ќе не можат да ги испорачаат капиталните инвестиции. Но она што е почудно е што парите и степенот на реализација во буџетот се движи со некоја предвидлива динамика и ќе биде некаде отприлика колку што бил планиран минус 4 до 5 проценти бидејќи нема да успејат да ги наплатат оние даноци кои што планирале.  Што значи дека парите влегуваат во буџетот се трошат тие пари, но не се трошат за капитални инвестиции туку за други непродуктивни трошоци. Е сега, ако зборуваме за реализацијата на инвестициите во инфраструктурата тие не се дел од овие капитални инвестиции, тие се во делот на јавното претпријатие за Државни патишта и доколку зборуваме за реализацијата на експресниот пат од Куманово до Крива Паланка, трета година по ред готов проект, обезбедено финансирање од претходната Влада не можат да го завршат. Доколку зборуваме за реализација на експресниот пат од Штип до Радовиш, готов проект од претходната Влада, трета година по ред не можат да го завршат. Доколку зборуваме за експресниот пат кој што преку Росоман ќе води до Прилеп, знаете како заврши, изведувачот го напушти градилиштето. Кажа дека бил уценуван и вршени непринципиелни притисоци и барања од него и сега тој проект ќе заврши на арбитража и претпоставувам како држава ќе треба да плаќаме оштета. Доколку зборуваме за изградбата на автопатот од Кичево до Охрид, тогаш навистина не знам кој ја говори вистината, дали оние кои што велат дека била утната трасата или претседателот на нивната комисија и градоначалник на Штип кој што вели дека тоа не е точно. Дали оние кои што велеа дека тука се зимани тешки провизии и тешки анекси на договори или оние кои што сега исто така пишуваат анекс на тој договор. Но она што е важно е дека нема ни трага ни глас од реализацијата тој автопат. Дали зборуваме за оние два километра автопат  кој што требаше да ги испроектираат, изтендерираат и да ги изведат до границата со соседно Косово. И тој тендер им пропадна и тоа не успеаја да го реализираат. Ако зборуваме за сите овие проекти тогаш зборуваме за нешто кое е наследено од порано, но за жал поради нискиот капацитет на проектен менаџмент, поради нискиот капацитет на овие луѓе кои менаџираат со овие проекти ние веќе трета година по ред не можеме да ја видиме реализацијата на овие проект. Можам да ви редам уште многу вакви неуспеси, така што дали имаме концептуални разлики или немаме, прашањето се сведува на едно. Имаме ли капитални инвестиции кои што се реализираат или парите се трошат за нешто друго. За жал дали ВМРО-ДПМНЕ ги трошело парите наменски или ненаменски денеска ние имаме трета година Влада на СДСМ. Парите сега некој треба да даде отчет кој се чукаше и удираше во гради дека ќе биле најотчетна Влада дека ќе биле Влада со навистина голема транспаретност, не знам што и не знам како. Суштината е дека  не само што не ги реализираат капиталните инвестиции, туку ги зимаат даноците од граѓаните и од стопанството  и тие пари ги трошат за непродуктивни цели. Ете тоа е вистината. Македонија не се развива поради две работи, поради ниското ниво и нискиот капацитет на ресорните луѓе кои што ги менаџираат овие институции и втората работа е затоа што имаме многу криминал и корупција која што води директно до врвот во Владата.

Прашање: Дали ќе има место на вашите пратенички листи за луѓе од партијата коишто можеби се гонат за криминал, кој што се веќе осудени?

Одговор: Не сме почнале да ги мериме рејтинзите на луѓето, кога ќе почнеме да ги мериме рејтинзите, но најверојатно ќе нема такви луѓе коишто се веќе осудени.

Прашање: Многу често зборуваме како луѓето мака мачат да излезат на крај на месецот, па зборувате за сиромашни луѓе, на едно од вашите интервју во Слободен печат или  Канал 77 имавте една забелешка од вашиот коалиционен партнер дека многу малце се смеете, вие рековте можеби животот тоа ви го направил затоа што не бил нели лесен. Нема податок за вас колку сте богат, не мора да ни одговорите затоа што ова веќе е лично прашање, но кога веќе сте претседател на партија дали би можеле на македонската јавност да и кажете колку всушност  сте вие богат?

            Одговор: Мојот последен анкетен лист како тогаш директор на најголемиот производител на електрична енергија во државата и компанија во државна  сопственост тоа е „АД Електрани“ на Македонија не претрпел некои поголеми измени, но еве ако толку ја интересира македонската јавност и тоа ќе го кажам. Сопственик сум на индивидуална куќа која што се наоѓа во скопско Влае каде што живеам со мојата сопруга  и со моите два сина. Имам патничко возило коешто го користам за да се превезувам. Не користам службено возило, го користам сопственото возило, имам кредит и имам лизинг. Кредитот служи за отплаќање на  дел од градежните работи коишто  ги вршев  градејќи ја мојата куќа, а лизингот го отплаќам редовно, месечно  за да ги отплаќам ратите за моето приватно патничко возило  со кое се возам и денеска. Во партијата волонтирам, немам месечен надомест. Единствено примање коешто го имам е примањето како вонреден професор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на машинскиот факултет.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...