Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги демантира лагите и невистините кажани во текот на вчерашната емисија „360 степени“ на ТВ Алсат

Соопштение до јавноста

Избори се ближат. Падот на оваа власт е се поблиску и е поочигледен. Стравот кој владее кај Зоран Заев и СДСМ станува се поголем и поголем и токму затоа пропагандата и ширењето на лаги, невистини и манипулации против ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако.

Црната кампања на СДСМ веќе оддамна е започната. Немајќи со што да се пофалат и да покажат дека нешто сработиле за своите граѓани, тие одлучуваат секојдневно да го замајуваат и манипулираат народот. Но народот гледа и знае кој, зошто и за кого одработува токму во овој предизборен период. Токму затоа, тоа нема да им успее.

Имено, најостро ги осудуваме и демантираме лагите и невистините кажани во текот на вчерашната емисија „360 степени“ на ТВ Алсат.

Ние како пратеници нема да дозволиме и силно ќе се бориме против машинеријата за ширење на лажни вести на СДСМ за да се изнесуваат вакви груби лаги и манипулации кои имаат за цел да внесат конфузија кај македонската јавност во период  кога се наближува 12ти арпил, денот кога ВМРО – ДПМНЕ ќе оствари голема победа, а Заев и СДСМ неславно ќе заминат од власт.

Од нас како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но и од сите останати кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ секогаш било барано да прифатат само два принципи, и тоа:

  • првиот, секогаш да ја почитуваат изборната програма врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни претставници и пратеници во Собранието на Република Македонија, и
  • второ, секогаш да ја почитуваат волјата на народот изразена на законски организиран референдум.

Оттука, секој пратеник од нашата пратеничка група, како и гласачите, така и целата македонска јавност најдобро знаат кој ја оправдал доделената доверба на народот, а кој го изиграл и ја злоупотребил неговата доверба.

Затоа, уште еднаш апелираме и ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на вакви провокации, дрски лаги и манпулации и бараме во иднина некои политичарите своите политички одлуки, потези и совест да ги правдаат преку свои факти и аргументи, а не преку грбот на своите сегашни и поранешни колеги и сопартијци користејќи вакви дрски и навредливи методи.

Сепак, на крајот од денот, секој со своите постапки во и надвор од Собранието на Република Македонија, покажа и покажува за што се залага и бори, а македонската јавност тоа будно го следи и многу добро го знае.

Пратенички состав 2014 – 2016 / 2016 – 2020

Александар Николоски  с.р.

Александар Стојкоски  с.р.

Андон Чибишев  с.р.

Ане Лашкоска  с.р.

Благица Ласовска  с.р.

Благоја Деспотовски  с.р.

Васил Пишев  с.р.

Весна Дамчевска Илиевска  с.р.

Весна Пемова  с.р.

Владимир Ѓорчев  с.р.

Дајанчо Ефтимов  с.р.

Драган Цуклев  с.р.

Ѓоко Камчев  с.р.

Ѓорѓи Коџабашиев  с.р.

Зоран Илиоски  с.р.

Лилјана Затуроска  с.р.

Иван Иванов  с.р.

Јасминка Дамчевска  с.р.

Лилјана Кузмановска  с.р.

Магдалена Манаскова  с.р.

Марјанчо Колевски  с.р.

Милка Христова  с.р.

Момчило Аврамовски  с.р.

Нада Ципушева  с.р.

Олга Најденовска  с.р.

Сашо Акимовски  с.р.

Светлана Карапетрова  с.р.

Славе Гошев  с.р.

Слаѓана Митовска  с.р.

Соња Талевска  с.р.

Сузана Секуловска  с.р.

Трајко Вељановски  с.р.

Трајчо Димков  с.р.

Благородна Бојаџиева  с.р.

Васко Наумовски  с.р.

Мирјана Хаџиевска  с.р.

Зоран Ѓоргиевски  с.р.

Драган Данев  с.р.

Димитар Стевананџија  с.р.

Илија Димовски  с.р.

Никола Мицевски  с.р.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...