Зошто се отфрлаат 25% покачување на платите на наставниците и се прифаќа само 10% зголемување треба да одговори власта во заминување

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Очигледно денеска гледаме една режирана претстава и политичко замешалство на власта во заминување.

Денеска средбата која требаше да се случи помеѓу претставници на СОНК и претседателот Јаким Неделков со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, и која што беше потврдена од самиот претседател на СОНК по средбата со министрите од власта еднострано беше откажана.

Што се однесува до самиот договор, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада е три години на власт и немаше никакво зголемување, а се што требаше да се направи е да се почитува договореното од страна на министерството за образование кое повеќекратно го прекршува тој колективен договор. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување.

Да бидеме јасни и недвосмислени, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот во заминување Заев на одговорен пристап со оглед на фактот што на оваа влада и преостануваат само уште неколку месеци од нејзиното катастрофално владеење, особено имајќи го во предвид фактот што е веќе докажано дека Заев може да ветува се, а знаеме дека реализацијата на тие ветувања е еднаква на нула. Како и за се друго неговиот збор нема вредност, затоа што овој човек не се држи до својот договор, и дека по изборите друг ќе треба да ги обезбеди тие средства.

Напоменуваме дека ние ќе го дадеме максимумот за да им помогнеме на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува синдикално движење без политички обланди кое ќе се залага искрено и за правата на работниците.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...