Костадин Костадинов лаже како Зоран Заев

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Костадин Костадинов лаже како Зоран Заев.

Костадин Костадинов исто како и Зоран Заев не ги интересира Македонија, туку ги интересира  ширење на лажни вести преку кои се надеваат дека повторно ќе ги измамат граѓаните за да продолжат да крадат.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не кажал дека Претседателот на Франција Емануел Макрон бил во право за блокирање на Република Македонија.

Напротив, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во интервјуто за Вечерњи лист има посочено десетици примери на криминал и корупција на Зоран Заев и неговите соработници кои му дадоа алиби и на Претседателот Макрон и на други лидери да не дадат зелено светло за доделување на датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

На лагата и се кратки нозете. Залудно измамникот Заев и неговиот послушник Костадинов се обидуваат да ја префрлат вината на друг. Нивната лага дека сме добиле датум за преговори уште минатата година им тежи. Секој чесен човек, кој има малку образ би се повлекол после ваков срам.

Јасно е дека тоа не важи за измамникот Зоран Заев кој продолжува да и нанесува штета на Република Македонија.

Република Македонија со Зоран Заев на власт нема перспектива. Затоа граѓаните на 12 април ќе го казнат Зоран Заев, по што новата власт на ВМРО ДПМНЕ ќе ја врати државата на европскиот пат.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...