Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев  денеска оствари средба со пензионерите

Соопштение до јавноста

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев  денеска заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска и стратешкиот соработник Лазар Јовевски остварија средба со пензионерите.

На средбата пензионерите го искажаа своето огромно незадоволство од политиките кои владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат изминатите речиси три години.

Пензионерите  нагласија дека СДСМ и Заев ги излажале и изманипулирале кога ветувале дека ќе го подобрат нивниот стандард и ќе ги покачат пензиите, посочувајќи го и последното покачување на пензиите од  само 36 денари, додавајќи  дека се чувствуваат понижени и изневерени од страна на Заев и СДСМ.

Како што беше истакнато тие се чувствуваат изманипулирани и во однос на методологијата за пресметка на волоризација на пензиите и во однос на пензиската членарина која ја користат пензиските организации.

На средбата беше констатирано дека околу 40% од пензионерите во Република Македонија земаат под 12 000 денари пензија  односно дека половина  од пензионерите  се на граница на економското опстојување, дури  и под таа граница.

Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе низа на проекти и мерки за оваа група на граѓани, но како што посочија  пензионерите на средбата  владата на СДСМ, Заев и Царовска  ги укинале истите  неводејќи грижа за  пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека со формирање на новата влада ќе воведе мерки и проекти  за сите категорија на граѓани вклучувајќи ги и пензионерите и нивните потреби и барања за подобар, поквалитетен и повисок стандард.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...