Димков до СДСМ: Во лозјето не се влегува на црвен тепих

Пратеникот Трајче Димков од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес на собраниската седница посочи на министерот за земјоделие дека на лозјето не се влегува на црвен тепих.

-Во лозјето не се влегува на црвен тепих. На вашиот премиер му поставија црвен тепих да влезе. Таму се влегува со чизми, со кондури, со мотика, со ножици, се работи таму. Лозарите не треба да бидат оставени сами на себе, да се молат секоја година, да плачат бидејќи родот што го сработиле да не можат да го продадат, истакна Димков.

Димков додаде дека за целиот мандат на оваа влада не исполнија тоа што го ветија сигурен откуп, загарантирани цени, квалитет  итн.  Има многу грешки во законот за вино.

-Првата грешка е што тргате да решите еден проблем занемарувајќи го другиот. Ако не го земеме како целина , да ги гледаме оние кои што го произведуваат , лозаропроизводителите , но исто треба да се посвети внимание и на оние што го откупуваат. Дали со ова предлог решение им помагате на оние кои што го откупуваат или им одмагате на другите. Доколку не се земе како целина да се постави на маса и да се рече чекај што им треба на едните, а нема да им одземе на другите. За што станува збор, ако сакаме ние на винариите да им помогнеме со ова дека во исклучително лоши години вие би направиле нешто, ама дали во тој дел квалитетот ќе им падне. Што добиваме со тоа? Што понатаму, запраша Димков.

Димков истакна затоа во однос на винариите може да им се помогне на друг начин. За да им се помогне од државата, од Владата за понатамошна продажба, за брендирање на виното, да им се дадат поволни услови за купување на машини, за механизација итн. На тој начин треба да им се помогне на винариите. Исто така паралелно треба да им се помогне и на лозаропроизводителите.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...