Честојнова: Оваа измена на законот за вино е нов вид на уцена и девалвирање на лозарите

На денешната собраниска седница пратеничката Павлинче Честојнова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека целта на носењето на секој закон како и измените и промените во законот е подобрување на условите за работи, за живот, за тие за кој е наменет законот. Односно целта на секоја измена во законот е секогаш за подобрување на веќе постоечкото законско решение. Што не е случај за овој предлог законот што секако не е во таа насока, за законот со вино.

Мило ми е што денес сме конечно почестени со присуството на министерот за земјоделие на денешната седница. Затоа би сакала да Ве прашам министре од каде произлезе овој предлог закон, со кој се консултиравте? Дали е ова тоа што е потребно во моментот и што ќе ги реши проблемите на лозарите, запраша Честојнова.

Честојнова исто така истакна дека овие измени во законот за вино, не носат ништо добро за лозарите. Оваа измена на законот за вино е нов вид на уцена и девалвирање на лозарите. Овие измени на законот за вино носат огромен ризик за иднината на лозарите во Македонија.

Со амандман предложивме комплетно бришење на членот 3 од овој предлог од закон, се со цел да се задржи автентичноста на македонското вино. Да се спречи дополнително нарушување на пазарот и процесот на откуп на грозје, и депресирање на откупната цена на грозјето на барањето за зголемување на содржината на шеќерните единици, додаде Честојнова.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...
<