Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Вчера Рашковски на брифингот рече цитирам „Центарот за обука на пилоти не е во никаква конотација со ова јавно приватно партнерство“. Додаде дека според него тоа е ремек дело за државата, мислите така?

Одговор: видете јас се согласувам дека можеби ова е ремек дело во однос на тоа како се планира да се украде пари од државата. Во тој дел можеби е ремек дело. Меѓутоа доколку видиме како досега тече целата постапка мислам дека е далеку дури и од ремек дело во крадење. Центарот за обука на пилоти, не го измисливме ние да го спомнуваме тука, истиот е наведен во тендерската документација, односно во студијата дека треба да им се отстапи. Зошто не знаеме. Вредноста на тој центар на хангарите и на опремата е 10 милиони евра. Зошто да им го отстапиме, што би правеле, би обучувале пилоти? Колку би платиле за тоа? Значи целата постапка е пропратена со многу нејаснотии, нема еден дел во нејзе каде што е јасно. Еве бевте вие како новинари на брифинг во владата со Рашковски. Дали после тој брифинг има барем една работа која што на сите нас ни е појасна? Од текстовите кои ги видов после тој брифинг само поголеми енигми и поголема збунетост предизвика. Бидејќи не се знае апсолутно ништо кој кави обврски има, кој што ќе прави, зошто беше потребно вакво нешто, на овој начин да се прави. Тотално уште еднаш ќе повторам, дилетантски и непрофесионално.

Прашање: претпладнево премиерот Заев даде уште една изјава во однос на преговорите, разговорите за нов изборен модел во која што може да се заклучи дека СДСМ не се откажуваат од идејата да има нов изборен модел, па дури и за претстојните предвремени избори. Вели дека можна е иницијатива во собранието за нов закон за кој што би гласале за, доколку нема консензус вели дека ќе оделе без ВМРО-ДПМНЕ.

Одговор: мојот коментар го дадов и во текот на вчерашниот ден, нашиот став останува непроменет исто како и сите останати ставови кои што сме ги имале за разлика од Заев кој ги менува на дневна основа. Нашиот предлог е 120 изборни единици, мнозински модел со 120 изборни единици и секако дури и сега да се донесе имплементација после изборите на 12 април, бидејќи е многу неодговорно да се влезе во измена на изборниот модел на неколку месеци пред избори. Тоа ќе отвори проблеми како во самата постапка за спроведување на изборите така за политичките партии или за граѓаните во однос на запознавањето со истиот како тој ќе функционира и сите останати работи кои што доаѓаат со промена на изборниот модел. Значи не ја затвораме вратата за промена на изборниот модел, нашиот предлог е тој кој што го кажав, мнозински со 120 изборни единици , бидејќи на тој начин ќе се покаже најголема транспарентност, најголема отвореност, ќе им се даде на граѓаните едноставно буквално за личноста да гласаат меѓутоа ќе можат на најдобар начин да дадат отчетност од пратениците на тој начин.

Прашање: Дали сметате дека би било во ред без консензус на најголемите  политички партии да се направи?

Одговор: Јас го коментирав тоа и вчера и кажав дека кој модел и да се договори што ќе биде применлив од после изборите на 12 април треба да биде апсолутно и никако на друг начин освен со консензус на големите партии. Навикнати сме веќе во изминативе три години да гледаме Заев како на еден криминален, противуставен, против законски начин да се обидува и да поминува многу работи како во собранието на Република Македонија, така и надвор од него. Меѓутоа многу пати сме повториле сите криминалии кои што ги прават ќе одговараат сите до еден.

Прашање: вчера Љупчо Николовски беше избран за шеф на изборниот штаб на СДСМ, во тој контекст до каде е ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор: подготовките течат , се припремаме и те како за изборите, знаете дека преку „обнова на Македонија“ сме цело време на терен низ Република Македонија, ги посетуваме буквално сите населени места и градови, разговараме со граѓаните, сериозно се подготвуваме. Во оној момент кога ќе го формираме Републичкиот изборен штаб, тоа ќе биде за многу скоро, ќе излеземе секако со подетални информации во однос на тоа кој ќе го предводи.

Прашање: пред малку портпаролот на СДСМ имаше прес конференција во која посочува на интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за Вечерњи лист, на која на насловната е цитиран Мицкоски дека вели Макрон е во право што не блокираше, Костадинов вели дека Мицкоски е единствениот што се радува. Ваш став на толкувањата? 

Одговор: не сум имал прилика да го прочитам интервјуто да видам што точно зборува, но ништо не ме изненадува јас , се изненадив што досега Костадинов не излезе со прашање до Мицкоски дали тој знае е одговор  и знае каде е Спасов, бидејќи начинот на комуникација во недостиг на факти и аргументи е единственото нешто што го имаат.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...