СДСМ уште еднаш го потврди несериозното носење на закони, со Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ по скратена постапка

Интегрален текст од изјава за медиуми – Иван Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ уште еднаш го потврди несериозното носење на закони, со Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ по скратена постапка. Самата скратена постапка на носење на Законот е дискутабилна затоа што се работи за закон кој е суштински и кој е од големо значење за целната група која што ја третира.

Зошто овој закон се носи пред да биде усвоен Законот за одбрана кој е во собраниска процедура и кој што е системски закон ? Имено, носењето на ваков суштински закон по скратена постапка е чиста манипулација со јавноста и предизборен маркетинг.

Во недостаток на свои проекти и решенија поврзани со прашањата на стандардот на воените лица, очајни од сознанието дека ништо не направиле за војската, а се ближат избори, СДСМ се принудени да се фалат со туѓи проекти и решенијата на проблемите да ги присвојуваат како свои.

Во Предлог-Законот за служба во Армијата на Република Македонија, што СДСМ сака набрзина да го помине, нешто што е исклучително важно е зошто во фискалниот образец стои бројка 0, односно зашто не се предвидени средства во буџетот на Министерството за одбрана за намените кои се спомнати во законот?

На чиј терет ќе паднат на пример трошоците за здравствено осигурување и лекување?

На чиј терет ќе паднат закупнините?

Од каде ќе бидат обезбедени тие средства?

Како е можно да немаат предвидено средства или донесувањето за овој закон е само предизборен маркетинг ?

Впрочем, она што остава впечаток е потребата за обезбедување на еднакви можности за администрацијата со оние на припадниците на Армијата, бидејќи на крајот безбедносниот кадар е неделив. И едните и другите се подеднакво заслужни за се што е направено за патот до НАТО и затоа треба да ги уживаат истите бенефиции.

Оттаму спрoведување на реформи на армиската без цивилната компонента би било несоодветно и на долги патеки демотивирачки. Тоа што цилвилниот дел е преобемен не се појавува како проблем од сега иако и во такви услови постои појава на секојдневни вработувања и унапредувања во безбедносниот сектор.

Бараме итно да се повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ и во најкусо време да се формираат работни групи кои ќе изготват законско решение кое ќе биде поволно за оваа група која се третира односно АВП и цивилниот персонал.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.