Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски остварија средба со амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, македонската европерспектива, стратешките определби на државата и предизвиците со кои се соочува Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека основната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија е членството во Европската Унија, односно европеизација на нашата држава и достигнување на западните стандарди.

Во однос на предизвиците со кои се соочува нашата држава, Мицкоски ги посочи криминалот и корупцијата на високи државни и партиски функционери на власта. Неказнивоста на случаите на висока корупција е голем проблем, додаде тој, а притоа ги напомена Рекет 1, Рекет 2 и други случаи на висока корупција  за кои се уште нема правна завршница. За да се врати владеењето на правото во Македонија беше истакнато дека потребни се суштински реформи во правосудниот систем, реформи кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе кога ќе ја преземе власта во Македонија.

Соговорниците се согласија дека се одлични односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошно продлабочување на соработката помеѓу Република Австрија и Република Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Австрија е голем пријател на Македонија и дека токму тоа се потврдува во овие клучни моменти за македонската европерспектива.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...