Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција уште еднаш апелира да се престане ова самоволие со злоупотребата на скратената постапка

Интегрален текст од изјава за медиуми – Лилјана Затуроска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Откако е започнат мандатот на оваа Влада и ова парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, како никогаш досега се злоупотребува и се користи процедурата скратена постапка, се со цел да се избегнат дебатите за законските решенија кои што се носат.

Праксата која што господинот Талат Џафери и СДСМ, на секоја седница ја практикуваат со законите по скратена постапка ги надминува сите граници на толеранција која што Деловникот ја овозможува. Ова премина во злоупотреба наместо во потреба.

Иако, досега многу пати сме реагирале на ваквата злоупотреба на скратената постапка гледаме дека парламентарното мнозинство продолжува со своето самоволие во Собранието на Република Македонија.

Граѓаните се сеќаваат дека додека СДСМ беа во опозиција ветуваа дека законите нема да се носат без предходни длабински дебати на кои ќе бидат слушнати повеќе аргументи и мислења и дека законите по скратена постапка ќе бидат сведени на минимум.

Наспроти тоа, денес на 116-та седница на Собранието како предлог на дневен ред од страна на Талат Џафети и парламентарното мнозинство од 24 точки, дури 13 се по скратена постапка.

Нас ни е јасно дека СДСМ сака да избега од дебата и на мала врата да ги протне овие закони, што го покажува демократскиот капацитет на оваа парламентарно мнозинство и Влада. Тие константно работат на заобиколувањето на процедурите кои што едно законско решение треба да ги помине за да се донесат квалитетни закони кои што ќе бидат корисни за граѓаните на Република Македонија, а не неквалитетни и неиздржливи законски решенија какви што носи ова парламентарно мнозинство, а подоцна истите тие не даваат никаков резултат па мора драстично да се менуваат или стопираат како што беше во случајот со прогресивниот данок и низа други закони.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција уште еднаш апелира да престане ова самоволие со злоупотребата на скратената постапка и да се дозволи да профункционира широка дебата преку која што ние како опозиција, експертската јавност и сите други засегнати чинители преку една транспарентна постапка ќе носиме квалитетни закони, а не избрзани решенија кои што единствено треба да служат на Владата на СДСМ во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...