Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Вчера на дебатата за изборниот законик, и покрај поканата Мицкоски не беше присутен, од она што јас го добив како коментар е дека не сте чувствувале потреба бидејќи за оваа тема разговарате на работните групи. До каде сте со работните групи и уште едно прашање околу најавата на Зоран Заев дека доколку не се усогласите дека ќе се обиде со 61 пратеник ќе се усвои тој закон за една изборна единица?

Одговор: Околу најавата на Заев очекувам дека ако не го направил тоа во текот на вчерашниот ден, во текот на денов да даде изјава во која се  предомислува, бидејќи тоа е начинот на кој што функционира. Нашиот став е добро познат и јасен и многу пати кажан во јавноста, прво што треба да се направи е да се усвојат препораките од страна на ОБСЕ; ОДИХР и секако на канцеларијата на Европската Унија, и тука работните групи работат и се веќе во, можам да кажам една напредна фаза. Очекуваме што е можно побрзо истите да се донесат бидејќи е неопходно, да не го оставаме тоа непосредно во периодот пред распишувањето, односно започнување на изборите. Во однос на самиот модел на избори, многупати досега кажавме исто така јавно кој е нашиот предлог. Тоа е мнозински модел со 120 изборни единици. Без разлика дали ќе се прифати нашиот предлог или ќе остане на ова што сега го имаме како изборен модел исто  така не треба да забораваме дека менување на изборен модел на закажани и договорени избори на неколку месеци од сега од правна гледна точка и од аспект на граѓаните исто така во моментов сметаме дека не треба да се случи. Меѓутоа секако дека она што го предлагаме го оставаме како една отворена врата да продолжиме со разговорите, нормално ако најдеме заеднички јазик, онака како што е правено секогаш во минатото со консензус помеѓу политичките партии истото да се случи и во идниот период.

Прашање: Рековте треба да се прифатат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, меѓутоа нивните препораки се една изборна едница и отворени листи?

Одговор: Не таква препорака нема во нивните препораки, нивните препораки се однесуваат на многу други работи коишто можеби се недоречености или контрадикторности во самиот Изборен законик во однос на другите закони.

Прашање: Дали има ваши пратеници коишто би гласале за една изборна единица?

Одговор: Нашиот став е добро познат, нашата пратеничка група во Собранието на Република Македонија ги почитува правилата на она што како партиски став го имаме.

Прашање: Во врска со назначувањето на Рамчиловиќ, односно предлогот не знам дали помина дали се изгласа за Потпретседател на собранието, отвори во јавноста полемика што ќе биде со оние пратеници, особено оние 7 пратеници коишто останаа, тоа дополнително се подгреа кога Александрова рече дека разговарале со Мицкоски, дека тие разговори биле вредни, вие како генерален секретар добро ја познавате и структурата и се што се случува. Сакам да ве прашам има ли шанси овие пратеници да се вратат во ВМРО-ДПМНЕ или партијата ќе остане на оној став што го имаше кога ги исклучи?

Одговор: Ние остануваме нормално на нашиот став, многупати ова се разговарало во јавноста особено во периодот пред речиси една година, така да дополнително да коментирам ставови или да коментирам одредени дејанија на одредени луѓе коишто се надвор од партијава, навистина мислам дека нема потреба, сепак ние сме најголема и најсериозна партија во Република Македонија, мислам дека треба да останеме на некое ниво однос на коментирањето и гледањето на работите.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...