Андоновски: Владата ветуваше студентски град, а од студентски град нема една шајка

Советникот за надворешна политика Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ во вечерашната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма кажа дека владата континуирано им дава ветувања на младите но резултати нема. Имено, Андоновски потсети дека владата дала ветување за изградба на студентски град но ништо од тој проект не е реализирано.

Понатаму Андоновски додаде дека владата во програмата ветувала многу, помеѓу другото и научно истражувачки центар за талентирани ученици но исто така овој проект не беше реализиран.

Советникот истакна дека владата дополнително ветувала дека ќе врати 600.000 иселени млади назад во државата но дека и ова е едно од низата неостварени ветувања од страна на СДСМ.

Тој напомена дека разочарувањата на младите од оваа влада се огромни и дека не само што не се вратени 600.000 млади во државата туку дека тенденцијата на масовно иселување континуирано се зголемува.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.