Живковски: Поминаа две години од владеење на Темелковски во лаги и празни зборови без реализација на проекти за граѓаните на Кисела Вода

Интегрален текст од изјава за медиуми на Иван Живковски, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода

Почитувани жители на општина Кисела Вода,

Поминаа две години од владеењето на Градоначалникот Филип Темелковски, Две години на лаги и празни зборови, две години без да биде реализиран ниту еден проект во Општина Кисела Вода.

За жал ни чистиот воздух што го ветуваше Темелковски никако да дојде.

Изградбата на градинка во Драчево и Расадник, гасификацијата на општината, комплексот за заштита на бездомни миленичиња, изградбата на поликлиника во населба Расадник се само дел од празните предизборни ветувања на градоначалникот Темелковски.

Почитувани граѓани, но тоа не е се. Како честитка за двегодишното неработење на локалната самоуправа Градоначалникот на шверцерски скандалозен начин и без никакво информирање на граѓаните, предлага донесување на Детален Урбанистички План за градска четврт Ј14, односно ДУП за Локалитет Расадник.

Господине Темелковски, граѓаните на Кисела Вода заслужуваат да знааат каков план им кроите. Граѓаните на Кисела Вода заслужуваат да знаат дека предлагате ДУП во кој ќе се исечат повеќе од 15.000 дрва и дека  ќе се насели еден цел нов град од повеќе од 30.000 жители, а притоа знаете дека максималниот број на населување согласно Генералниот урбанистички план е максимум 8.000 жители.

Граѓаните заслужуваат да знаат дека со новиот ДУП сакате да предвидите и повеќе од 128 згради, од кои повеќе од 30 згради ќе бидат облакодери со поголема висина и од 40 и од 50метри. Господине Темелковски граѓаните треба да знаат и дека со истиот ДУП предвидувате изградба на школи, верски објекти, државни институции под постоечки далноводи кои зрачат и  кои се штетни по животот и здравјето на луѓето.

Господине Темелковски, бидете искрен и излезете пред граѓаните, кажете им ги вашите намери, кажете им дека наместо чистиот воздух, катните гаражи, проектите, борбата со урбаната мафија кои ги ветувавте, вие сакате предизвикате урбан хаос и да населите еден цел нов град од 30.000 жителите , без притоа да  имате било каква грижа за последиците и штетите по здравјето на граѓаните на Кисела Вода.

Господине Градоначалник, две години беа доволни за да граѓаните сфатат со кого си имаат работа, две години беа доволни за вашите лаги и празните ветувања. Повлечете се од намерите, граѓаните очекуваа решенија, а вие им нудите проблеми и им создавате проблеми.

Запаметете вашето време поминува, а дотогаш граѓаните ќе бидат тука да ве спречат во обидот за узурпирање и уништување на Општина Кисела Вода.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...