Заев и СДСМ го гледаат РЕК Битола само како ризница за пари

Соопштение до јавноста

Ова е моментот кога откажуваат двата  блока во РЕК Битола. Вака изгледа катастрофата кога се урива енергетскиот систем заради неодговорната, неспособна и криминогена власт. Најголемиот енергетски капацитет во моментов  нема енергија ниту за сопствено одржување!

Тоа се СДСМ и Зоран Заев! Секој изминат ден со нив значи дополнителна штета за државата.

Криминогената и неспособна власт ги чини државата и граѓаните пари. Денеска надвор од употреба се сите 3 блока од РЕК Битола. Државата е принудена да увезува струја, наместо да ја произведува сама.

Во исто време надвор од употреба се ставени блоковите 1 и 3, додека блок 2 е во ремонт.

Само до рестартирање на блок 1, државата ќе треба да увезе 2.000 мегават часа струја, односно да плати над  100.000 евра на име увоз на струја. Штетите кои ќе ги претрпи државата до вклучување на блок 2 ќе бидат уште поголеми.

Ова е едно од редицата исклучување на блоковите во РЕК  Битола. Нејасно е дали блоковите испаѓаат од употреба поради неспособноста на власта или поради криминогеноста и желбата да се направи профит за некоја фирма увозник на струја.

Зоран Заев и СДСМ го гледаат РЕК Битола само како ризница за пари за фирмите блиски до СДСМ.

Криминалот и злоупотребата на РЕК Битола за лично богатење наскоро ќе заврши. СДСМ оди во опозиција и следува обнова на Македонија.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...