Заев е најголемиот измамник кој неспособноста и алчноста ги покрива преку трговија со националните и државни интереси

Соопштение до јавноста

Зоран Заев е најголемиот измамник. Македонија до сега се соочила со човек кој неспособноста и алчноста ги покривал преку трговија со највисоките национални и државни интереси.

Зоран Заев е единствениот премиер кој се што вети излажа.

Заев излажа дека ќе изгради 550 километри нови магистрални патишта и 1100 километри локални патишта. Нови патишта нема.

Заев излажа дека младите по завршувањето на своето образование ќе може да бираат дали сакаат да се вработат, доедуцираат или да поминат низ обука за преквалификација. Младинската гаранција како што ја нарече е најголемата лага за младите.

Заев излажа дека земјоделците ќе имаат зелена нафта. Зелена нафта нема. Има само ваучери од 500 денари кои им беа поделени само на 50.000 земјоделци, пари со кои не може да се стави нафта во машините да отидат од нива до бензинска.

Заев излажа дека ќе има загарантиран откуп и високи откупни цени за земјоделските производи. Загарантиран откуп нема, а цените се ниски.

Заев излажа дека ќе ги покачи пензиите. Три години Заев ги нема покачено пензиите.

Заев излажа 2016 година. Заев лаже и сега. Заев се надева дека граѓаните ќе наседнат на неговите лаги.

Заврши времето кога граѓаните веруваа на лагите на Заев. На 12 април и самиот

Заев ќе увиди дека лагите не му поминуваат, а за последиците од лажењето ќе има време да размислува во опозиција. Бидејќи од 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...