Прогресивниот данок треба целосно да се укине, инвеститорите нема да дојдат ако знаат дека за три години ќе плаќаат повисок данок

Интрегрален текст од изјава за медиуми на Светислав Васев

Почитувани,

Даночната политика на СДСМ предизвикува даночна евазија и одлив на капитал и алокација на фирма од државата во земјите во регионот. Се повеќе граѓани своите приходи ги добиваат на сметки на некои земји од соседството, а фирмите ги селат своите седишта надвор од државата.

За сето тоа е виновна власта која воведе прогресивен данок. Нина Ангеловска сама призна дека ефектите од прогресивниот данок се лоши и дека нема ниту еден позитивен ефект.

Прогресивниот данок треба да се укине и да се врати рамниот данок. Ставањето во мирување на мерката прогресивен данок за само три години е најголема грешка која создава правно економска несигурност кај инвеститорите и граѓаните.

Бизнисите кои што се преселиле во странство и граѓаните кои отвориле сметки во други држави нема да се вратат во Македонија, кога знаат дека за три години повторно ќе треба да плаќаат повисоки даноци.

Штетите врз економијата веќе се гледаат, помала наплата на данок за добивка за 50 проценти, даночна евазија, селење на капитал како и заобиколување на Македонија од страна на мултинационалните корпорации, е само дел од штетните политики на оваа власт.

Власта ја прави државата екстремно неконкурентна во однос на земјите од регионот и со тоа го оневозможува нејзиниот развој.

Токму затоа и од тие причини ВМРО-ДПМНЕ ќе го укине прогресивното оданочување и ќе го врати рамниот данок со првото доаѓање на власт.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...