Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Кои се вашите впечатоци од досегашните средби во останатите градови од Изборната единици три?

Одговор: До сега на ниво на Република Македонија со разговорите за Обнова на Македонија имаме остварено разговор со некаде околу педесетина илјади граѓани коишто ги имаат искажано своите проблеми и ние како партија земаме обврска за сите тие проблеми да понудиме решенија во изборната програма за изборите коишто ќе се одржат на 12-ти април. Одговорот од страна на граѓаните е одличен на нашиот повик, дека поради големиот интерес ја проширивме акцијата, така што се отворени и штабовите на ВМРО-ДПМНЕ во сите градови. Преку викендите исто така организираме средби со месни односно урбани заедници, меѓутоа и пред нецели две недели упативме еден јавен повик до сите здруженија на граѓани, невладини организации, синдикати, стопански и останати комори да земат учество во изработката на програмата. Веќе имавме една средба со една целна група, како резултат на оваа акција и во следниот период ќе продолжиме со многу такви бидејќи интересот е огромен.

 

Прашање, новинар: Продолжуваат ли вашите контакти со претставниците на меѓународната заедница?

Одговор: Да во контакт сме буквално, да не кажам секојдневно со претставниците на меѓународната заедница. Се она што се случуваше и во однос на не добивањето за жал на граѓаните кои што на некој начин станавме заложници на лошите политики на Заев и на СДСМ и е нормално да ги имаме тие контакти бидејќи изборите  се на прагот и за неколку месеци ќе се одржат.

Прашање, новинар: Системот топло-ладно на Заев во однос на датумот на изборите и признавање на грешката и враќање на рамниот данок, ваш коментар?

Одговор: Видете, во однос на враќањето на рамниот данок односно суспендирањето на прогресивниот данок е всушност нешто што во изминатиот период уште кога планираа да го донесат, укажувавме и потенциравме дека тоа е лошо законско решение и дека воопшто не треба да биде донесено.обидите на Заев и сите околу него за ваков тип на водење на дневна политика во пресрет на изборите мислам дека сите сме свесни дека повеќе не поминува и е само неуспешен обид за да се доближат до граѓаните и да пробат да го намалат поразот кои што ги очекува на изборите на 12 април.

Во однос на самиот датум јас и лично во своите изјави и на социјалните мрежи ја пренесов атмосферата и пренесов што всушност се случуваше на лидерската средба и овие обиди од страна ан Заев ги гледам како покажување на огромна немоќ и сигурност во пресрет на изборите.

Прашање: новинар: Може ли коментар за вашата програма?

Одговор: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ не само во Велес туку и во сите градови и населени места пред се ќе се насочи на една работа која што ја зборуваме цело ова време, а тоа е принципиелноста. Значи принципиелен пристап каде што ќе се обидеме буквално да допреме до секој еден човек во Република Македонија каде што ќе ветиме реални работи кои што всушност ги тиштат граѓаните и кои што се проблем во секојдневното живеење. Никогаш нема да се дозволиме да ветуваме не реални работи се со цел само за да го добиеме гласот и да правиме манипулација. На тој принцип ќе функционираме секогаш и дека ќе биде многу подобро тоа го гарантираме и можеме слободно да кажеме дека по формирањето на владата уште во првите 100 дена ќе нема граѓанин кој што нема да ја увиди разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...