Костовски: Поминаа две години најлоши години од мандатот на Смилевски, две години на лаги, неработа и нефункционалност на општина Бутел

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дарко Костовски, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел

Почитувани новинари, почитувани граѓани на општина Бутел,

Поминаа цели две години од мандатот на градоначалникот Велимир Смилевски, две најлоши години за општина Бутел, две години безидејност и тотална нефункционалност на општината.

Во рака ја држам предизборната програма на Смилевски и СДСМ којашто убедливо ја ветуваа на бутелчани давајќи збор дека целосно ќе ја исполнат. Со голема одговорност тврдам дека оваа програма или овие предизборни ветувања се најголемата лага во историјата на општина Бутел.

Почитувани, ќе ги набројам крупните проекти кои беа ветени а нема ниту желба, ниту абер, ниту способност да се остварат: гасификација во општина Бутел, поликлиника, парно греење низ целата општина, нова градинка во Расадник, градинка во Љубанци, уредување на коритото на река Серава, спортски центар во Бутел со рок 2018 година, противпожарен пункт во Расадник, зелени пазари, плоштад во Бутел 1, водовод во Љубанци и Љуботен и многу други помали но значајни проекти за граѓаните. Се е само празно слово на хартија стокмено во предизборна програма на СДСМ и Смилевски кои немаа ниту намера барем еден дел да реализираат.

Изминат е половина мандат, а 95% од проектите на оваа програма се немаат ниту започнато а камоли да разговараме за нивна реализација, лага до лага.

Иако изминативе две години општина Бутел вработи нови 150 лица, несоодветно одбрани, општината никогаш не била во полоша состојба од оваа а нејзини најголеми проекти се косење на трева и фарбање на огради во училишни дворови.

Почитувани,

Како ВМРО ДПМНЕ апелираме градоначалникот Смилевски општината да се фати за работа бидејќи страдаат граѓани. Кога здраворазумски ќе размислиме гледаме дека е поминат пола мандат на градоначалникот Смилевски а нема реализирано ништо од ветеното а тоа значи дека нема да сработи ништо до крајот на мандатот и затоа граѓаните на општина Бутел чекаат час поскоро Смилевски и оваа локална самоуправа да ги испратат во темните страни на историјата како најлоша локална самоуправа во историјата на општина Бутел.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...