Јанушев: Она што го гледаме всушност на државно ниво предводени од криминално-рекетарската банда на Заев тоа го гледаме и во градот Велес

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев – Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Разговорите за Обнова на Македонија продолжуваат и овој викенд, по вчерашната посета на општина Градско, денес сме во Велес, во врмовски Велес, каде што разговараме за проблемите на граѓаните, каде што се нотираат голем број на пропусти како на локалната, така и на централната власт. Граѓаните пред се се заинтересирани да изнесат дел од работите со коишто СДСМ предводени од Заев на некој начин ги изманипулираа велешани, така да замолија да се пренесат дел од работите коишто беа ветени, а до ден денес нема никаква реализација.

Таков проект е затворениот пазар, таков проект е обиколницата околу градот, можеби единственото нешто што успеаја да направат е да го реализираат затворањето на базенот, односно затворениот базен, бидејќи базенот не работи и де факто затворен.

Она што го гледаме всушност на државно ниво, предводени од криминално-рекетарската банда на Заев, тоа го гледаме и во градот Велес, укинати се сите театарски манифестации, спортот и културата буквално тонат. Но велешани тоа го имаат согледано, знаат дека правиот пат по којшто не води СДСМ не е воопшто прав, туку е тотално погрешен пат.  Затоа токму оттука од Велес ќе кажеме дека Македонија се обновува, а Заев пропаѓа  и на следните избори кои што ќе се одржат за неколку месеци, дефинитивно ќе го пратиме во политичката историја.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...