Уште една од оние низа лаги коишто се содржани во онаа мега лагата „за живот“ се и ветувањата за чистиот воздух во Македонија, вели Мицкоски за Телевизија Плус во емисијата „Став“.

-Власта предходно шеташе со гас маски по улиците, и се сеќавам на легендарната изјава на министерот за информатичко општество дадена на Водно, дека промената веднаш ќе дојде, а со нејзе и апскиот воздух низ Македонија, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека денеска никогаш позагадена не била Македонија, а кумановчани се посебно сведоци за тоа, деновиве е навистина тешко да се дише во Куманово, многу луѓе имаат респираторни проблеми и тоа претставува навистина голем сериозен проблем не само во Македонија, туку и пошироко.

-Пред неколку дена на говорница го слушам господинот Заев како вели дека 84 проценти од гасификацијата ја завршил и дека дал насока кон градоначалниците на општините дека 2020-тата треба веднаш да почнат со градба на секундарната и терцијарната мрежа за гасификацијата, вели тој.

Мицкоски исто така истакна дека за оваа влада секоја година е економска година, секоја година треба да се гради Чебрен и Галиште, а никако да почне да се гради. Најспособната влада да дојде да работи , најбрзо што може да почне да се гради секундарната и терцијарната гасификацијата е за две години од сега. Тој вели владата да го завршеше тендерот во 2017-тата, а не го поништеше со некои атипични и неинжинерски решенија , ние можеби во некои општини ќе имавме почеток на градежните работи за гасификација.