Не само што е оправдано незадоволството на сите кои протестираа како земјоделците, туку и очекувана е таква реакција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на кумановската телевизија Плус коментирајчи ги се позачестените протести со кои многумина го изразуваа својот револт од состојбите во различни области.

Сепак тој укажа дека еден момент не можел да го очекува, а тоа е спроведувањето сила врз земјоделците кои протестираа.

-Неочекувана беше раекцијата кога Зоран Заев нареди, а Спасовски спроведе сила, кога почнаа припадниците на МВР да применуваат сила врз земјоделците. Тие само си ги бараат своите права. Поточно тие го бараа она што Заев им го ветувал во 2016 кога ги гледаше во очи и ги лажеше, рече Мицкоски.