Граѓаните очекуваат обновата да се случи час поскоро. За волја на вистината и очекувањата се големи зошто зад нас ќе останат сите оние нерелизирани ветувања кои се дел можеби од најголемата политичка лага наречена Живот за Македонија, потоа живот за Куманово и останатите граѓани, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на кумановската телевизија Плус.

Според него следната влада мора да боде најдобра и тоа во историска смисла.

-Да сумирам обновата доаѓа и ќе ја имаме за неколку месеци од сега, но тоа не треба да не направи подобри од СДСМ или просечни, ние мора да бидеме најдобри. Најдобри во историска смисла од осмостујавањето до сега зошто загрижен сум ако не успееме како следна влада може Македонија и да не успее, рече Мицкоски.