Европејците  за кои Заев зборува не крадат и не лажат  како него

Соопштение до јавноста – реакција на говорот на Зоран Заев во Скопје

Смешно е да се слуша како измамникот Заев се фали пред младите дека му постилаат црвен тепих на дипломатски посети. Бидејќи тој и неговиот кабинет не ги распознаваат знамињата на Австрија и Латвија, па не се знае дали знае или не дека црвениот тепих е дел од дипломатски протокол кога официјален државен претставник оди во официјална посета на друга држава.

Не е јасно кога Заев им вели на младите дека докажуваме дека сме европејци на што мисли!? Дали свесно лаже и ги заборава криминалот, корупцијата и рекетот од над 20 милиони евра, за кој се уште нема одговорност, зошто во истиот е вмешана највисоката власт!?

Европејците  за кои Заев зборува не крадат и не лажат  како него.

Во Македонија на чело со Заев, не ферментира дебатата, туку криминалот кој блеска.

Добро би било наместо да шпарта попреку и правично, како што вели да го ослободи судството од влијанието врз него, да ја деполитизира администрацијата и во овие два месеци кои му  остануваат да направи нешто добро за Македонија.

Младите нема да наседнат на лагите и манипулациите на Пинокио Заев, бидејќи три години откако Заев е на власт, Македонија е земја со најголема стапка на младинска невработеност во Европа и земја од која во изминативе три години се заминуваат повеќе луѓе од било кога до сега.

Срамота е Заев да се фали со грантовите на Фондот за иновации, кога парите наместо кај младите претприемачи и иноватори завршија кај роднините на неговите функционери.

Заев  три години ја раскрчмува државата. Криминалот, корупцијата и рекетот се трите работи за кои Заев е  специјалист.

Времето на криминалот мора да заврши. Доаѓа 12 април. Доаѓа време за одговорност.

 

                                                                                                            Со почит,
                                                                        Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...