ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево: Времето на непринципиелни луѓе завршува, доаѓа Обновата на Македонија

Денес на прес конференција ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево го обвинија градоначалникот на Крушево Томе Христоски од СДСМ дека нема реализирано ниту еден крупен проект од програмата со која победи на локалните избори во 2017 година.

Во програмата на Томе Христоски има еден мал милион ветени но неостварени и укинати проекти како што беше проектот Крушево Етно Град кој што беше од огромно значење за туризмот во градот.Се расфрлаа со бројки од 70проценти дека бил зголемен бројот на туристи во градот но реалноста и фактичката состојба не се на нивна страна, бидејки најрелевантен фактор за мерење на туризмот се угостителските и сместувачките капацитети каде што може да излезете и да поразговарате и ќе сватите дека бројките не се на ваша страна, се вели во прес конференицја.

Имено, ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево порачува дека граѓаните на 12 април ќе имаат можност да му испорачаат крај на владата на СДСМ како и на градоначалникот Христоски, потенцирајќи дека времето на лажливи и непринципиелни политичари мора да заврши и да дојде Обновата за Македонија.

Исто така беше ветено дека проблемот со водоснабдувањето ќе биде решен во Крушево и во околните села, каде што ова лето граѓаните на Крушево беа сведоци дека тоа беше една голема предизборна лага.Почитувани граѓани, шансата да ја вратиме сликата која ја посакуваме на нашиот град е пред нас. Зато на 12 април нашата задача ќе биде едноставна, да го направиме вистинскиот избор, бидејќи времето на лажливи и непринципелни политики и политичари мора да заврши. Да не дозволиме повторно да бидеме изманипулирани и излажани., нагласија на прес конференцијата ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...