Мицкоски за Журнал: Етничката припадност да не ја правиме професија, да одбереме луѓе кои ќе може да решат проблеми на граѓаните

Во интервјуто за „Журнал“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на прашањето дали ќе има Албанци во листата на пратеници во ВМРО-ДПМНЕ рече:

– Доколку имаме предизборна коалиција со некоја од албанските партии  да се разбира дека секако ќе има. Но, доколку немаме предизборна коалиција  нема да има, односно ќе има кандидати за  пратеници коишто ќе бидат пред се таму затоа што имаат технички, професионален квалитет,додавајќи дека тој не би сакал етничката припадност да се прави како професија, туку како што рече Мицкоски треба да се одберат квалитетни луѓе кои што ќе ги решаваат проблемите на граѓаните.

-Јас не би сакал етничката припадност да биде професија, туку треба професијата да биде рефлексија на квалитетот на луѓето и поради тоа тие луѓе треба да бидат или да не бидат дел од тие пратенички листи. Тоа е она коешто јас сакам да го кажам, а коешто  ќе биде поврзано со пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, смета Мицкоски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...