Јовевски: Време е општеството да заземе сериозен став во однос на одредени прашања и проблеми коишто се однесуваат на лицата со попреченост

Соопштение до јавноста

Денес  Лазар Јовевски еден од стратешките соработници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, членови од  комисијата за труд и социјална политика, демографија и родови прашања остварија средба со претставници на здруженијата и oрганизации на лица со посебни потреби.

На средбата  беше разговарано за потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во Република Македонија.

-Јас како човек којшто 20 години работам на решавање на оваа проблематика искрено стручно од човечки аспект ги гледам ситуациите и проблемите во нашето општество. Јас знам на дел од вас  и вашата борба, вашата битка во правниот систем за зголемување на правата за излегување на маргините од општеството, за рушење на стереотипи и во таа смисла сметам дека веќе е дојдено време  општеството да заземе сериозен став во однос на одредени прашања и проблеми коишто се однесуваат на вас и на членовите на вашите здруженија, посочи Јовевски на средбата.

Од страна на претставниците на овие здруженија беше укажано дека државата не врши инклузија на лицата со попреченост во државните институции,  односно како што рекоа не се доволно вклучени во образовниот процес како и дека  нема доволно број на  стручен кадар.

Претставниците на здруженијата сметаат дека државата треба да има поголем слух за нивните барања, барајќи да се формира Национална стратегија за лица со попреченост, да се формира  Регистар  за лица со попреченост, да имаат поквалитетна здравствена заштита и вработување на поголем број на стручни лица кои ќе им помогнат на  ваквиот тип на лица.

ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и до иднина  ќе продолжи посветено да ги решава  проблемите на лицата  со попреченост со предлагање  на нови политики и  законски решенија коишто ќе бидат креирани заедно со претставниците на здруженијата и организации за лица со попреченост.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...