Јанушев:Општините под раководство на луѓето од криминално-рекетарската банда на Заев водат нетранспарентни постапки

Транспарентност и отчетност беа едни од главните “нови зборови” на Заев и СДСМ со кои се бореа за власт, но и сега ги слушаме како редовно се “расфрлаат” со нив. Но, само на збор се “јаки” и штом нешто кажат, лажат! Така и со транспарентноста и отчетноста.

Општините под раководство на луѓето од криминално-рекетарската банда на Заев, ги зголемиле трошоците, постапките се нетранспарентни, си трошаат како сакаат, немаат (и не ги интересира) како се реализираат проектите за кои ги трошат државните пари.

Па така, најмногу јавни пари преку нетранспарентна постапка имаат потрошено град Скопје – 556.000 евра и општина Центар – 173.000 евра.

Во 2018 година се склучени и 27 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 778.000 евра.

Исто така, општините во Скопскиот регион склучиле договори за јавни набавки во вкупна вредност 38,4 мили­они евра, што е зголемено во споредба со минатата година за 3,41 милиони евра.

Во Скопскиот регион поништени се вкупно 254 постапки. Ова се дури 23,6% од набавките, или речиси секоја четврта постапка. Овој удел на поништување на постапките во 2018 година е највисок процент на поништување во периодот 2013-2017 година.

Загрижувачки е и фактот што во 2018 година поголем број на општините немаат воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори.

И можеби се ќе беше во ред, да видевме дека нешто се прави, дека во нешто се инвестира, дека се подобрува животот на граѓаните. Но, важно на “прав пат” сме.

И сме, на прав пат да ја смениме и пратиме во историја оваа криминално-рекетарска и најнеспособна власт!

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...