Откако СДСМ е на власт, се зборува помпезно за реформи а всушност реформи нема. Министерот и цела влада помпезно најавуваат функционална анализа, но тие мора да признаат дека претходно постоело начин како некои работни места се проверувале односно дали е потребно или не е потребно нивното постоење, вели Невенка Стаменковска Стојковски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Стаменковска Стојковски посочи дека немало потребно од ваква функционална анализа од страна на СДСМ, бидејќи додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт годишно носела правилник и начин на кои што се систематизираат работни места, стратешки план за креирање на нови работни места и на тој начин се гледало дали има потреба од некое работно место или не. Имено, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт секоја година се носеше правилник и начин на кои што се систематизираа работни места. Работодавачот во соодветната институција беше обврзан на годишно ниво да прави намалување на работните места за 30 отсто со систематизацијата, тоа се работни места кои што биле предвидени но не се потребни за институцијата и тоа е еден од првите начини како се правеше филтер и проверка дали една институција е функционална или не е.

Понатаму секоја година се правеше стратешки план и тука се правеше анализа за потребните работни места и на крај пред да се побара буџет на соодветната институција се правеше и план за вработување и на тој начин се поставуваше потребата на креирање на нови работни места или затворање на непотребни работни места, кажа таа. Стаменковска Стојковски нагласи дека за транферот на вработените од јавниот сектор во приватниот треба да се вклучи и меѓународната јавност бидејќи ваков нешто кое што СДСМ сака да го внесе во Македонија, го нема никаде во светот, укажувајќи дека има позитивна правна норма каде што може да се врши транфер на еден вработен од една државна институција во друга државна институција, но не во приватниот сектор.

Она што го рековте префрлување на вишок на вработени од државната во приватен сектор е апсолутно неподобно за било кој бидејќи ако некој сакал да работи во приватна фирма ќе аплицирал за во приватна фирма да работи, а не во државна институција. Во овој случај треба да се повика и меѓународната јавност бидејќи никаде во светот, освен кај нас не е предвидено работник од државна институција да биде транфериран во приватен сектор. Постојат позитивна законски норми кои што велат дека ако еден работник по било кој државна институција и по било кој основ во моментот неговото работно место е непотребно се префрла во друга државна институција а не во приватен сектор., тоа е позитивна законска норма која што постои кај нас ама очигледно СДСМ ја заборавила, објасни Стаменковска Стојковски.