Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со претседателката на Асоцијацијата на жени во ЕПП, Дорис Пак

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска (31.10.2019) остварија средба со претседателката на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак и Јоханес Реј, директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, претстојните предвремени парламентарни избори и соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија како и со Фондацијата Кондрад Аденауер.

Мицкоски истакна дека во Македонија постои голем проблем со високата корупција, проблем за кој оваа власт не нуди решение. Напротив голем број високи партиски и државни функционери од актуелната власт на СДСМ се вмешани во корупциски скандали за кои до ден денес нема правен епилог . На овој начин власта ја загрозува македонската европска перспектива и дава аргумент повеќе на противниците на проширувањето на Европската Унија во Брисел.

На средбата се разговараше и за предвремените парламентарни избори во Македонија и размена на знаење и искуства на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата Конрад Аденауер во пресрет на истите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија стратешка цел и определба е членството во Европската Унија.

Соговорниците се согласија дека одличната соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринските партии од Европската народна партија како и со Фондацијата Конрад Аденауер и натаму треба да се продлабочува.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...