Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како го коментирате појавување на Митко Јанчев на трибина на СДСМ?

Одговор: Па јас не би го коментирал многу, би ве упатил него да го побарате за коментар и едноставно со една реченица само би кажал дека секој си е одговорен и одговара за своите постапки.

Прашање: Дали Јанчев ќе биде вклучен во кампањата за предвремените избори што ја подготвувате и дали можеби ќе се најде на ваша листа?

Одговор: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ која што во моментов знаете дека подолг период се подготвува програмата, се подготвуваме да им го нанесеме најголемиот пораз на СДСМ на овие избори ќе може да се вклучи секој оној кој што е на иста линија со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така и на листите, бидејќи премногу е рано да се говори за имиња и за персонални решенија, на листите најважно е да се најдат луѓе кои што ќе бидат капацитетни, луѓе кои што ќе бидат на иста линија во однос на визијата и на целите за да се подобри иднината на Република Македонија и буквално иднината на секој еден граѓанин на Македонија. Така да се уште е рано да се говори за персонални решенија и за имиња, а секој оној кој што смета дека  е на иста линија и не поддржува во нашите програмски цели може да се приклучи во нашата кампања.

Прашање: Дали е точно дека не бил поканет на вашата прослава во Прилеп на Денот на ВМРО?

Одговор: Можам само да истакнам дека беше покането најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, да тргнам од себе ниту јас не бев поканет, но секој оној кој што ВМРО-ДПМНЕ го сака или почитува или го почитува и цени Денот на ВМРО, 23-ти октомври можеше да дојде и да присуствува на прославата која што ја организираше ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Како што знаете беше покриено и од страна на медиумите, имаше илјадници приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ кои што исто така не беа поканети, но гледајќи ја нашата јавна покана преку медиумите за организација на настанот дојдоа им беше чест да присуствуваат на таков настан и едноставно ги слушнаа пораките кои што испративме од таму.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.