Милошоски до Заев: Дали вие им организиравте средба на шведските инвеститори на “Диаверум“ средба со директорот на Фондот за здравство, Дончев?

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски упати прашање поврзано со надворешната политика односно дали владата ги планира во овој период Теута Арифи градоначалник на Тетово, Дане Талески, политички советник на Заев, Мишо Дукманович, професор од правен факултет и Сашко Насев за амбасадори на во САД, Нато, Израел и Бугарија?

-Ова прашање го поставувам во врска со принципите коишто министерот за надворешни работи во 2017 ги спомена по принципи зошто во пред избори не треба да се упатуваат амбасадори во важни политички дипломатски центри, и тогаш случајот беше поврзан со Александар Николовски за кого влада одлучи врз основа на тие принципи да не го упати за амбасадори. Дали сеуште важат тие принципи и дали владата на Заев и коалиционите партнери има намера во овие 60 дена од целосниот мандат на ова влада да покрене постапка или дали покренала постапка за Теута Арифи да биде амбасадор во САД , Талески да биде амбсадор во НАТО, Дукмановиќ да биде амбсасадор во Тел Авив, Насев да биде амбасадор во Софија, кажа Милошоски.

Второто прашање кое го постави пратеникот Милошоски е поврзано со писмото коешто испрати тогашниот американски амбасадор Бејли до основниот суд „Скопје 1„ до владата и до министерството за правда во кое тогашниот американски амбасадор се пожалил и замолил да се провери кој и како го злоупотребил неговото име како амбасадор или угледот на амбасадата од страна на споменатиот основен суд при определување или неопределување на одредени мерки на претпазливотс, притвор и слично или при одредување или недредување на одредени судски пресуди.

-Моите информации се дека вие не сте дале инструкција до министерката за правда и дека таква иницијатива која вие кажавте дека ќе биде покренета во декември 2018 воопшто не е покрената пред републичкиот судски совет, потенцираше Милошоски.

Пратеникот Милошоски упати прашање до Заев поврзан со случајот „Рекет 2“ при што запраша:

-Дали после првата средба со шведската компанија -инвеститор во присуство на шведскиот амбасадор вие им организиравте на шведските инвеститори средба си директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев и дали сте информирани дека во овој случај своја улога играле и Боки 13 и Бајраш Сејдиу од Куманово?

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...