Заев дојде на власт, практично организираше крвави протести 40 полициски службеници беа повредени пред влада, ги гаѓавте луѓето со камења, ги гаѓавте со шипки, ги претепувавте 40  повредени. Заев дојде на власт благодарение на ветувања дека ќе ја отворел истрагата колегата новинар Никола Младенов. Не ја отвори истрагата, ниту пак има нои моменти, човекот безочно манипулираше со трагедии, безочно, срамота. Човекот дојде на власт благодарение на ветување дека ќе ја откриел вистината за убиството на Мартин Нешковски, беше осуден Игор Спасов, Заев отиде во затвор и се поздрави со него, дали му се заблагодарил за целата кампања што ја терал незнам, но, во моментот знам дека Игор Спасов не ја издржува казната. Каде е Игор Спасов, прашува Иво Котевски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Клик Плус на ТВ21.

Котевски го спомена и притисокот од страна на власта врз медиумите и правото на слободно информирање на јавноста од страна на новинарите, односно како што рече тој ТВ Алфа која што е критички настроена кон политиките на СДСМ и Заев веќе месец дена е на удар на сите можни инспекции

-Од моите контакти можам да кажам дека ТВ Алфа која што е критички настроена телевизија е невиден удар на сите можни инспекции. Јас колку што знам Управата за јавни приходи месец дена нема излезено од Алфа телевизија и никој ништо не превзема, нормално  владата не ја интересира тоа затоа што и одговара тоа да се прави притисок на сите медиуми кои што се критички настроени кон неа,вели Котевски.