Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Не ја исклучи можноста дека ќе бидете повикан на распит, дали ќе соработувате бидејќи таа рече цитирам: „Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне“.

Одговор: Навистина чудно како може да преудицира обвинител којшто треба практично да биде странка и да ги заштитува интересите на правдата и законите нешто зашто воопшто не се случува. Не е таа тука судија којшто ќе суди дали јас ќе сум подготвен да соработувам или нема да бидам подготвен да соработувам. Нашиот телефонски разговор беше поврзан исклучиво само за една тема, а тоа беше уцената која што јас во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја добив од страната на тогашната специјална јавна обвинителка, а сега притвореничка Катица Јанева и којашто беше поврзана со случајот за замрзнување на имотот на партијата. За други случаи воопшто не ни разговаравме.

Прашање: Дали имате нешто за други случаи да споделите?

Одговор: Доколку бидам повикан, доколку бидат уредно повикан и поканет од страна на обвинителството, на таа покана ќе се одзивам и се разбира ќе разговараме за случаевите. Не би сакал ништо повеќе во јавност да коментирам, во интерес на објективноста на истрагата.

Прашање: Како главната обвинителка за организиран криминал ја повикавте кај вас во партија заборавивте дека не сте на власт веќе?

Одговор: Јас ја повикав главната обвинителка бидејќи она рече дали е службен разговорот или приватен, јас и реков јас сум моментално во штаб ако е итно дојдете тука, рече не, не е итно. Добро. Тоа беше.

Прашање: Како ќе ја коментирате вчерашната скандалозна изјава на Вилма Русковска и нејзината најава за цензура на новинари и на слободни медиуми, тоа е прво и сметате ли дека има политичка заднина можеби позади бегството на Игор Спасов?

 Одговор: Скандалозна е како и впрочем целокупниот вчерашен настап  на обвинителката Русковска посебно тоа што го кажа јавно на отворена  сцена каде што повика да се гонат новинари практично покажа и докажа дека заедно во спрега со власта она не е подготвена објективно да си ја обавува својата функција а тоа  е во случајот обвинител кој што раководи со обвинителството за организиран криминал  и корупција ја осудувам и навистина апелирам да се воздржи од било какви непристојни коментари посебно да однапред обвинува и осудува лица посебно новинари бидејќи на тој начин само нашата држава назадува на скалата на која што се мери слободата на медиумите. Ваков прогон ваков притисок е својствен само за една држава во светот јас би ја нарекол Северна Кореја како пример како не треба да се однесуваме кон новинарите. Инаку, што се однесува до второто прашање јасен е случајот некои луѓе правеа кариера на тој случај ние воопшто не сакаме да третираме и да коментираме случаи кои што практично значат ниски страсти кои што злоупотребуваат човечки судбини  но бидејќи еве ми го поставувате ова прашање јас навистина не знам што да одговорам освен да кажам дека некој не си ја врши работата во оваа држава а е скапо платен, ужива привилегии но набргу доаѓа денот кога ќе пресудат и  ќе досудат граѓаните кој е тој и ќе го пратат во политичка пензија. Ова е уште еден во низата скандали бегството на лицето Спасов посебно имајќи го во предвид случајот дека практично сите оние протести од страна на СДСМ кога беше опозиција започнаа од овој случај некои луѓе градеа кариера знаете за оние ракувања кога сегашниот претседател на владата господинот Зоран Заев и прегрнувања во затвор со ова лице еве денеска тоа лице за жал не е достапно до органите на прогонот односно претпоставуваме дека или ја напуштило Македонија или некаде се крие но важно не е достапно до органите на прогонот.

Прашање: Господине Мицкоски како би ја споредиле работата на Русковска од една страна и Марко Зврлевски којшто го браневте во Собрание неколку месеци. Тој не ни помислуваше да поднесе обвинени против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а сега Русковска поднесе против актуелен пратеник на власта. Како би ги споредиле тие двајца обвинители коишто сега сме гласни против Русковска, а Зврлевски го браневте со месеци буквално за жива глава нејќевте да дадете?Кога бевте на власт владеевте со контра протести наместене и сега ве фативме пак со еден наместен протест со земјоделци коишто сите беа пратеници, ќерки на пратеници. Зошто продолжувате со такви манипулации во јавноста?

Одговор: Еве ќе почнам со второто прашање не пратеници, ќерки на пратеници, таму имаше член на извршниот комитет на партијата и јас на прес конференција кажав на пршање на вап колега дадов одгвор да ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на земјоделците и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува барањата на земјоделците. Ние не го теревме Зоран Заев, ременски, Шеќеринска во ресен да ветуваат сигурен откуп на јаболкото, поголеми субвенции, тие тоа го правеа за време на кампањата во 2016 . Ние не го теравме Зоран Заев со Љупчо Николовски да одат во Кочани на оризопроизводителите да им ветуваат 25 денари оризова арпа, 50 денари ориз. Они тоа го правеа, велеа гласајте за нас, ние тоа ќе го направиме. Ние не ги теравме Зоран Заев и останатаите да одат во Тиквешијата, во Демир Капија, во Кавадарци, во Неготино и да разговараат со лозаропроизводителите и таму практично да ветуваат сигурен откуп, поголеми цени за грозјето. Тие го ветуваа тоа, сега треба да го испорачаат , луѓето си го бараат само она коешто некој им го ветил. Дали ние го поддржуваме тоа, да еве ќе ви одгворам и на вас на прашањето да го поддржуваме тоа и ќе продолжиме да ги поддржуваме барањата на земјоделците и во иднина. Дали ние сме учествувале во организацијата, не ние не се учествувале во организацијата.

На вашето прво прашање, ако е прашањето да направам компарација помеѓу работењето на господинот Марко Зврлевски и госпоѓата Русковска можеби ќе ни треба едно интервјуа за да разговараме како работел Марко Зврлевски, како работи Русковска, јас може нема никаков проблем еве ви стојам на располагање. Но јас оваа моја изјава денеска ја свикава за да може јавноста да биде објективно да биде информирана за што се случи за нашиот разговор бидејќи вчера Русковска не ја говореше вистината и се обиде грубо да ја манипулира македонската јавност  дека јас еве да изведува заклучоци дека јас еве не сум сакал да соработувам итн. Јас едноставно само кажав која беше причината, каква беше причината и што беше причината  за тој телефонски разговор, ми прати порака се јавив итно ли е, ако е итно дојдете тука сум на состаноци, не е итно деновите не можев, се договоривме после 15 август. И пратив порака ми рече во ред ќе ве побарам, еве денска е 30 октомври сеуште нити некој ме побарал, нити пак некој се одзвал. Инаку таа прес конференција  на којашто госпоѓата Русковска вчера реферираше се оддржа на 11 септември што значи дека и тука не е точна нејзината изјава вчера дека јас сум мавтал со некакви документи и затоа она ми се јави. Тоа е вистината, нема ниту помалку ниту повеќе од  тоа што да додадам.

Прашање: Дали на лидерската средба разговаравте  што ќе се случи доколку подоцна пристигне протокол за членство во НАТО, односно после распуштањето на Собранието?

Одговор: Да разговаравме и на таа тема. На состанокот беше присутен  и кабинетот на претседателот на државата. Во дел од тој кабинет е и професор којшто даде свое мислење дека за итни неодложни ситуации Уставот предвидува да може Собранието повторно да се собере и тоа не беше никаква пречка. Ете тоа беше разговорот таму. И тоа се случувало, во минатото се сеќавате на оние опозициони романтични денови на Зоран Заев  тргни застани, сакам избори па нејќам, па ајде во април, па чекај не сум спремен, па ајде во јуни, па чекај уште малку ми треба, па не сум подготвен, па во декември. Собранието и тогаш се распушташе, па се враќаше така што ако гледаме пракса од минатото, тоа е пракса. Јас ви ја кажувам вистината, на состанокот да се покрена оваа точка се очекува некаде на почетокот од  декември да се формира Парламентот во Шпанија, по завршувањето на изборите имајќи предвид  дека таму одлуката е помината на владата, треба да помине само во парламент  и тоа би било да речеме последната државата којашто би требало да го ратификува прокотоколот. Веднаш потоа да дојде во нашиот парламент и некаде предвидуваме таму некаде втора половина од  декември, прва поливана на јануари. Но, доколку се распушти парламентот, тој може повторно да се собере, тоа било пракса  за итни неодложни работи и да може да се стави таа точка на дневен ред и да се помине.

Прашање: Сега има различни толкувања за договорот од Преспа, како ги толкувате нив што треба да биде на почек. Премиерот Заев се предомисли, еднаш рече дека ќе се тера и понатаму без разлика што нема да влеземе во ЕУ, вчера кажа друго?

Одговор: Премиерот Заев можеби ќе се предомисли и ќе каже дека не бил тој кој што го потпишувал и преговарал договорот ако го слушаме и најверојатно во таа насока сега ќе иде дека впрочем тоа лице кое што ја виткаше кичмата и кое што слугуваше ќе рече можда јас не сум тој, можда е некој друг, не бил он бил некој негов холограм така да ќе се изнаслушаме мало сутра работи до денот на изборите, но она што мене повеќе ме загрижува е непринципиелноста и декандецијата која што завладеа во редовите на СДСМ, навистина овој привитивизам не доликува на една држава, демократска држава  која што претендира да биде дел од Европската унија и да биде идна членка на НАТО Алијансата. Така што договорот од Преспа е јасен и таму се знае што треба како треба, но доколку ме прашувате за договорот на Преспа, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, познат, повторен 100-тици пати во минатото и тука немаме што да додадеме ниту што да одземеме.

Прашање: Треба ли државата да ај разгледа понудата, рековте околу соработката за Рекет, имате ли информации кои би биле одлучни за истрагата, со оглед на фактот дека имаше информации дека сте имале средби Зоран Милески еден од обвинетите во тој случај?

Одговор: Не. Ниту сум имал, ниту пак имам нешто да додадам. дадов одговор на едно такво прашање, апсолутно нема такво нешто.

Прашање: Со оглед на тоа што на вчерашното интервју на Вилма Русковска ја потврди стопостотната  автентичност на исказите во кој што се вели дека Шекеринска била на ручек со Боки 13 и Катица Јанева во кои што се вели дека Заев го предупредил  Боки дека се отвора истрага против него. Како ќе го коментирате тоа? Значи сеа практично се имплицирани во тежок криминал овие високи функционери, коментари нема, ќе бркаме новинари?

Одговор: Лицето Бојан Јовановски беше верен другар на врхушката на СДСМ, врхушката на СДСМ практично беше дел од неговата невладина организација Меѓународен Сојуз Зоран Заев лично призна дека лицето Бојан Јовановски управувал со провладин медиум, па поголем доказ од спрегата помеѓу политиката СДСМ, владата и медиумите има ли од ов , кога премиерот на државата самиот признава дека тоа е провладин медиум. Сето останато е само форма, ова е суштината а суштината е дека тој ги користел познанствата, ручеците, вечерите, кафињата, прославите, настаните, концертите годишнините и т.н. Понатаму, близината која што ја имал со врхушката на СДСМ и заедно со целиот овој октопод вклучително и со главата на тој октопод инспираторот и организаторот тој рекетирал бизнисмени и уценувал политичари. Сето останато што се однесува на политичкиот прогон врз новинарите врз слободната и критичка мисла е само контрапродуктивно и негативно влијае врз процесите на државата. Не зборам само за сега, зборам и за минатото и случаевите во минатото. Јас сум две години претседател на ВМРО-ДПМНЕ ниту до сега ми паднало на памет , ниту во иднина ќе ми падне на памет на таков начин да напаѓам новинари, нити пак некогаш во животот ќе помислам на таков начин да предуцирам пресуди, прогони и обвиненија и т.н. Ние сме јавни личности ние сме подложни на критика не секогаш таа критика е позитивна е во форма на пофалби, некогаш таа критика е во форма на критика негативна критика и ние мораме со аргументи и со факти да се бориме. Секој политичар кој што не е подготвен да се бори со аргументи и со факти треба да ја напушти крајно политиката. Ние треба да ги оставиме новинарите да си ја работат работата, криминалците да ги гонат органите на прогон а да ги оставиме новинарите да си ја работата својата работа. Повторно ќе кажам не го говорам ова само сега го говорам и за случаевите од минатото, мора еднаш за секогаш да се стави крај на погонот врз новинарската мисла.

Прашање: На лидерската средба рековте дека нема да има ревизија на истрагата за „Рекет“, во таа насока прашувам ако еве дојдете на власт и ако сега гледаме дека Вилма Русковска има индиции дека некои од овие високи функционери можел да биде вмешани во Рекет не ги гони вие дојдете на власт нема ни вие да ги гоните?

Одговор: Видете не можеме ние како политичка партија ниту како влада да се впуштаме во ингеренциите кои што ги има правосудството. Токму тоа е проблемот Александар во сите овие години што премногу политиката има замешателство во правосудството. Органите на прогонот, обвинителството, судството треба да бидат комплетно независни и да ги оставиме да работат. Дали Вилма Русковска објективно транспарентно ќе ја води истрагата има друг начин да се врши мониторинг врз истрагата , не треба ние политичарите. Си има правосудството формирано тела кои што ја мониторираат работата и на обвинителите и на судиите тие треба да се остават да судат. Јас еве ви ветувам дека после победата на ВМРО-ДПМНЕ, после формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ правосудството ќе биде комплетно ослободено од канџите на политичарите и никогаш нема да ми падне на памет еве држете ме за збор да си дозволам некој адвокат кој што е близок до мене или било каква личност да седне на маса да сугерира на обвинител вака да прави, така да прави да идат заедно на прослави да се јавува премиерот на политички моќници да вршат притисоци врз судии при избор на судии како што тоа беше сведочењето на градоначалникот на општина Сарај кога велеше дека му се јавувал премиерот да врши притисок при избор на судии во врховниот суд и т.н. Тоа никогаш нема да го слушнете, првиот ден кога тоа ќе го слушнете еве однапред ја имате мојата дефинирана оставка. Тоа нема да се случи.

Прашање: Треба ли земјава да ја разгледа понудата на Москва за  приклучување кон Евроазиската унија?

Одговор: Иднината на Македонија е Европската Унија и тука не треба никој од нас да има никаква дилема. Овој став ни е како политички партии ние го рефрирмиравме за време на последната лидерска средба и мислам како држава треба да продолжиме да се движиме во таа насока. Секоја економска соработка кое што нашето  стопанство може да приходува и да добие подобри услови е на билатерално ниво со државите, така што наша основна стратешка определба е полноправно членство кон Европската Унија и ни помалку, ни повеќе од тоа.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...