Она што ние го бараме да видиме како ќе добиеме најдобар начин гласот на граѓаните да биде заштитен и валоризиран. Тоа е суштината кога имате демократија да видете, да најдете како на оптимален начин ќе имате функционален систем каде што граѓанинот одлучил да го даде својот глас ќе биде валоризиран од страна на политичарите и затоа ние дадовме предлог добро нека бидат 120 изборни единици по принципот на врвните демократии како што е британската, кој има најмногу гласови во првиот круг во една изборна единица тој да стане пратеник, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Шења.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека тој е убеден во победа на предвремените парламентарни избори кои што се закажани за 12 април идната година бидејќи тоа говорат и анкетите.

Имајќи во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ влегува како фаворит а тоа го говорат и анкетите и нашите интерни но и оние кои што беа објавени во јавноста дека победата ќе биде најмалку 100.000 гласови во однос на СДСМ, рече Мицкоски.