Мицкоски: Ќе направиме многу реформи за подобар живот

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју на ТВ Шења изјави дека кадровските решенија на партијата имаат сериозни биографии и портфолија кои гарантираат работа за интересите на Македонија и многу реформи за подобар живот.

ВМРО-ДПМНЕ е најголема партија во Македонија, има голем кадровски потенцијал, ние не можеме по периоди да ги делиме луѓето во партијата. Она што е важно е дека секој од нив треба да даде максимум за она за кое што ќе биде номиниран и она за кое што ќе му биде дадена шанса. Но, ќе има многу луѓе кои што ќе бидат експерти надпартиски луѓе, кои што не поминале во структурите на партијата но затоа имаат сериозна биографија и лично портфолио да гарантираат дека ќе работат за интересите на Македонија и дека ќе направат многу реформи за подобар живот во Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека тоа е она врз основа на кое партијата ќе прави кадровски селекции, луѓето да се компатабилни, конкуренти и дали тие луѓе се подготвени да работат чесно, честито, професионално да бидат отчетни и нула толеранција за криминалот и корупцијата.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...