Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во интервју на ТВ Шења кажа дека тие ќе предложат закон за да се сузбие корупцијата.

-Да се пресметаме одлучно со корупцијата ќе предложиме закон каде што ќе се испита потеклото на имотот на сите политичари и не само на политичари туку и на сите оние кои што некогаш имале некакви функции, тука пред се мислам и на обвинители тука пред се мислам и на судии и на други професии кои што можеби имаат несразмерен имот споредбено со тоа какви биле нивните примања,- Посочи Мицкоски.

Понатаму тој додаде дека познава случаи каде што луѓе кои што биле шефови или пак работеле  во царина кои практично имаат вили и по неколку апартмани, а кога ќе се видат  нивните приходи месечно ќе се види дека се сто пати поголеми отколку тоа што го имаат заработено.

– И не само тоа, вие имате судии со по неколку станови, со вили со куќи и тн.  Па тука се поставува прашањето од каде и колку стекнале. Па  имаме и политичари кои велеа дека се богати како успешни бизнисмени. Имаме и сега политичари чии што фирми и компании сопственост на нивните семејства пред да дојдат во политиката , имале 10 15 20 пати помалку приход споредбено со тоа што сега го имаат кога се актуелни политичари на власт, нагласи Мицкоски.

Мицкоски во понатамошниот тек на интервјуто нагласи дека тоа е суштината за нив како политичари кои што ќе ја водат идната влада и тоа е она што за нив е значајно.