Реалноста е дека во 2019 година нема никаков напредок во реформите на правосудството, напротив го руинисавте и од Сваровски судство, сега имаме Луј битон судство. Кога сме кај правната држава и владеењето на правото, не може да биде правна држава каде што на чело е премиер трипати аболициран за милионски криминал, не може да правите реформи каде што Зоран Заев се стави на чело на Советот за реформи во правосудството, не може да има реформи во правосудството каде што градоначалникот на Сарај излегува и кажува дека му е вршен притисок да убеди судии да гласа за промена на Врховен судија и веднаш потоа откако не излегол во пресрет на барањата и притисоците на Заев гледаме едека му се вршат притисоци, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Арсовски изјави дека не може СДСМ да зборува за правна држава каде што премиер на владата поточно Зора Заев нарачува предмети и носи одлуки како тој сака во спрега со државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, Вилма Русковска и Добрила Кацарска.

Правна држава не е каде што Зоран Заев излегува нарачува и пресудува во корист како тој сака, во спрега со Јовевески, Русковска и Кацарска., кажа Арсовски.